1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МВР трага по убијците на полицаецот

Во Македонија е во тек широка полициска акција за пронаоѓање на напаѓачите врз полициската патрола со специјалците на МВР.Во земјата со внимание се следи истрагата-дали станува збор за криминален чин или нешто друго

default

МВР Скопје

40- иесет годишниот Зоран Марковски,припадник на специјалната единица „Тигри“ вчера попладне загина при напад и рафално пукање од патничко возило „опел вектра“ .Напаѓачите пукале во полицискиот џип во моментот на претекнување на возилото, во кое се наоѓале напаѓачите.Во возилото се пронајдени оружјето и отисоци и полицијата се надева дека ќе може да ги идентификува и пронајде сторителите на овој крвав инцидент, што се случи вчера во Скопје.Двајцата повредени полицајци се во добра здравствена состојба.Во џипот се наоѓале петмина од единицата „Тигри“,изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.

Дел од пратениците на опозицијата денеска ја предупредија полицијата внимателно да анализира зошто патничкото возило напаѓачите го оставиле пред влезот на скопската приградска населба Арачиново, каде главно живеат Албанци.Можно е тоа да е провокација,оцени екс премиерот Владо Бучковски.Ова е трет напад врз полициски патроли во последниве неколку месеци, во кои досега загинаа неколкумина припадници на специјалните единици.