1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МВР: Серијата оштетувања на македонски возила во Грција продолжува

Македонското министерство за внатрешни работи јави за нови случаи во кои возила на македонски летувалци биле оштетени во соседна Грција, со што вкупниот број на вакви инциденти се искачил на 45.

default

Граничниот премин Богородица

Уште два нови случаи на оштетувања на возила, биле пријавени од страна на македонски државјани кои престојувале во Грција, со што вкупниот број на вакви инциденти летово се искачи на 45 случаи, соопшти МВР.

Во саботата, на граничниот премин „Богородица“, В.И. од Скопје, кој управувал патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Неа Врасна, со спреј комплетно му биле прикриени двете ознаки МК, а му била повлечена и црвена линија од багажникот до предниот лев фар. Оштетувањето не го пријавил и во грчката полиција.

Во вториот случај, на граничниот премин „Богородица“, П.Ј. од Скопје, кој управувал патничко возило „Цитроен“, со штипски регистерски ознаки, пријавил дека на Халкидики, со спреј му биле испрскани ознаките МК на двете таблички. Оштетувањето не го пријавил и во грчката полиција.

Без информација од грчката полиција

Со овие два новорегистрирани случаи, односно три во текот на викендов, во изминатиот период од страна на македонската гранична полиција евидентирани се вкупно 45 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 45-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори (6). По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 10 случаи.

Од вкупниот број случаи - 27 се пријавени од страна македонски државјани и на грчката полиција, но досега МВР сѐ уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. 22 од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.