1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МВР: Во Македонија не се обучуваат терористи

Министерството за внатрешни работи ја демантираше веста дека во Македонија се обучуваат терористи од Балканот подготвени во секое време да извршат самоубиствени напади, што ја објави руското радио „Гласот на Русија“.

„Во континуитет ја следиме безбедносната состојба во Македонија, но и во регионот. Во моментот нема никаков посериозен ризик по безбедноста на граѓаните. Ние сме подготвени веднаш да реагираме и да неутрализирам каква било опасност и закана за безбедносната состојба“, вели Иво Котевски, помошник министер за односи со јавноста во МВР.

Рускиот медиум тврди дека муслимани од Балканот познати како „бели ѓаволи“ се обучуваат во Македонија, Албанија и во Косово за извршување на самоубистени напади со цел побрзо да се создаде обединета исламска држава на териториите на Босна, Албанија, Косово, Македонија, јужниот дел на Србија и на Црна Гора.

Според руското радио „Гласот на Русија“ на Балканот се спроведува исламистичкиот план „Европа 3000“. Радиото, повикувајќи се на руски разузнувачки служби, посочува дека на неколку места на Балканот се обучуваат идни терористи под закрила на „хуманитарни организации“ со пари од оружје и дрога. Целта е да се најдат муслимани со словенски изглед кои подоцна лесно ќе се движат во Америка и во Европа и ќе го спроведуваат планот за создавање исламистичка Европа. Зад овие обуки, според „Гласот на Русија“ стои Албанската национална армија (АНА или АКШ), организацијата – наследник на УЧК.