1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МВР апелира на воздржаност, населението излезе на блокада

Триесетина лица се повикани на разговор во полиција со цел расветлување на синоќешното убиство на езерото во скопското село Смилковци, информираше попладнево министерката Гордана Јанкуловска.

Македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска соопшти дека МВР ги презема сите напори за да се смири состојбата и протестите на коишто излегоа жителите на Радишани да поминат колку што може помирно. Според досегашните информации на полицијата, на протестот во Радишани биле оштетени пет возила и автобус со број 57.

„Сите полициски службеници се повикани на работа и покрај празниците. Ќе го зголемиме дополнително присуството на терен за да не дојде до ескалација на состојбите по убиствата на пет лица, најверојатно без некоја посебна причина“, рече Јанкулоска. Таа изрази сочувство до семејствата на убиените и апелираше до медиумите да бидат потрпеливи и да не ги подгреваат меѓуетничките тензии со сензационалистички вести.

Јанкулоска не ги откри ниту имињата на убиените, имајќи предвид, како што рече, дека дел од семејствата не биле информирани. Увидот на местото на злосторството траел до рано утрово, до пет часот.

Blockierte Autobahn nach Tod von 5 Menschen in Mazedonien

Местото на убиството на петте лица



За целосно расчистување на петкратното убиство, МВР формирало оперативен штаб со највисоки старешини од повеќе единици кои ќе ги координираат активностите.

Телата на петтемина убиени утрово беа предадени на обдукција во Институтот за судска медицина и оттаму се чека официјална потврда за нивниот идентитет. Неофицијално, убиените мочиња се на околу 20 годишна возраст и се од Радишани.

Меѓу убиените е и 45-годишниот Борче Стефковски од село Црешово. Дел од македонските медиуми пренесоа изјава на неговиот брат, кој се сомнева дека Стефковски бил убиен случајно, бидејќи бил сведок на убиството на четирите момчиња. Тој бил семеен човек и во четвртокот по 19 часот, кога последен пат се слушнал со неговите блиски, се враќал од работа. Во својот автомобил, како што изјавија неговите блиски, секогаш ја носел опремата за ловење риба и најверојатно според нивните претпоставки застанал кај Железарското езеро да лови риба.

Blockierte Autobahn nach Tod von 5 Menschen in Mazedonien

Населението излезе на блокади на патот кон Радишани и на Љуботенски пат



Повеќе медиуми во Македонија јавуваат дека жителите го блокирале со контејнери патот до Радишани и Љуботенски Пат, барајќи побрзо расчистување на случајот. На сообраќајниците и крстосниците во Радишани има засилено полициско присуство. Медиумите јавуваат дека соседите им палат свеќи на жртвите.

Телевизија „24 вести“ јави дека новинарот и снимателот на телевизијата биле нападнати од група млади револтирани луѓе, а изреволтираните жители кршеле куќи и автомобили.

Телата на убиените ги виделе рибарири вчера вечер околу 22:30 часот во близина на вештачкото езеро, по што било пријавено во полиција. Тие имале видливи рани од огнено оружје и чаури околу нив. На местото на убиството имало две возила. Телата на четирите момчиња биле најдени на едно место, а петтата жртва на оддалеченост од околу сто метри.