1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Маџунков - нов редактор на Македонската енциклопедија

Македонската академија на науки и уметности ја избра новата редакција на Македонската енциклопедија. За редактор на енциклопедијата е избран академик Митко Маџунков.

default

Академик Митко Маџунков е новиот главен редактор на Македонската енциклопедија со деветмина сосема нови членови на уредничкиот одбор - академиците Ѓурчинов - писател, Катарџиев - историчар, физичарот Абази и акдемик Матевски, како и универзитетските професори Севим Пиличкова, Драги Михајловски, Рамиз Абдули и Виктор Урумов.

Академик Маџунков стана главен редактор на македонската енциклопедија по ривалската борба со експредседателот на МАНУ и најцитираниот македонски научник во светските библиографии, академик Ефремов. „Да направиме модерна енциклопедија, која ќе биде модерна книга“, вели за ДВ академкик Маџунков, истакнат пистел, кој создава на релациите Белград - Скопје - Струмица од каде и потекнува.

Georgi Stardelov, Präsident der Mazedonischen Akademie für Wissenschaft und Kunst

Академик Георги Старделов

„Допрва не очекува сериозна расправа каква судбина ќе доживее првото издание на енциклопедијата“, вели претседателот на МАНУ Георѓи Старделов, откако синоќа се конституира новиот редакциски одбор со академици и научни имиња од албанската и турската етничка заедница, што не беше случај со првиот уреднички тим што го предводеше сменетиот академик Блaже Ристовски. Tој лично и концепцски навлече голем гнев на дел од експертската јавност, но и ги залади етничките релации поради навредливите одредници за личности и дел од историјата на Албанците во Македонија.

Ново електронско издание на англиски јазик?

Новиот главен редактор иницира сосема нов пристап во следното издание на Енциклопедијата. Нејзино елктронско издание, преведено прво на англиски јазик и достапно до светот, но и како начин за нејзино перманентно дополнување и корегирање со нови сознанија и факти за личности, настани и природни сознанија за македонските просотори. „Првото енциклопедиско издание треба да остане со една критичка оценка за неговите вредности и така ќе има свој живот“, вели академик Маџунков за Дојче веле. Според него ќе треба најмалку три-четири години да се видат резултатите и да биде објавена новата верзија на Македонската енциклопедија.

Mazedonische Akademie für Wissenschaft und Kunst

МАНУ

„Досега ние зборувавме за нова редакција, но не и за нова енциклопедија, дали тоа ќе биде дополнето, корегирано, проширено издание ќе зависи и од одлуката што со првото издание, за што одлука ќе донесе Собранието на МАНУ што би требало да се одржи кон крајот на месецов или во април“, вели предсетаделот Стаределов, во изјава за ДВ. „Доколку ја прифатиме идејата најпрвин да подготвиме електронска верзија на сите енциклопедиски одредници на англиски јазик, што ќе ги заостри критериумите во нивното создавање и што треба да ја престави Македонија пред целиот свет, тогаш нејзините преводи на македонски и албански јазик ќе следуваат на конечното пишано издание на ваквиот нов лексигографски зафат на МАНУ“, истакнува нејзиниот претседател.

Mazedonien Land und Leute Enzyklopädie Buch

Македонската енциклопедија која беше промовирана како книга над книгите, предизвика вистинска политичка и научна бура, но за академик Старделов се неприфатливи обидите за нејзино ново политизирање или партиски притисоци, како што тоа беше направено од политичките репрезенти на Албанците. Тој ги смета за антихуманистички и нецивилизациски и повиците за запалување, за уништување на првото издание на Енциклопедијата, што пак го бараа некои од писателите или колумнисти во албанската, но и македонската јавност.

„Новата редакција мора да биде оставена да се соочи со фактите, но нема да ја препуштиме на недовлона творечка рецензија и корекции со аргументите на науката“, вели претседателот на МАНУ, по синоќешното конституирање на новиот редакциски одбор на чие чело е академик Митко Маџунков, кој е и шеф на лексикографскиот центар во Aкадемијата.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM