1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Маџиров гостува во Берлин

Македонскиот поет Никола Маџиров утре (01.06.2012) во Берлин ќе го отвори еден од најголемите европски поетски фестивали.

default

Никола Маџиров е првиот македонски поет и еден од најмладите автори во долгогодишната историја на поетскиот фестивал во Берлин кој ќе настапи на неговото отворање, наречено „Weltklang - Ноќ на поезијата“.

Маџиров со читање на делови од своето творештво утре во Академија на уметностите во Берлин, ќе го отвори „Poesiefestival Berlin“- најзначајниот германски и еден од најголемите европски поетски фестивали . Фестивалот ќе трае трае до деветти јуни.

Досега на отворањето на фестивалот поезија читале Лори Андерсон, нобеловците Херта Милер и Дерек Волкот, како и Мајкл Ондатје, Лоренс Ферлингети, Ив Бонфоа, Исмаил Кадаре, Томаж Шаламун и др. Маџиров ќе чита десетина песни на македонски јазик, а преводите на германски јазик ќе бидат објавени во Антологијата во која ќе бидат застапени песните на сите автори што ќе читаат таа ноќ. Илјадниците посетители заедно со купениот билет како подарок ќе ја добијат и Антологијата.

По Никола Маџиров, ќе настапат и Американецот Мајкл Палмер, како и поети од Тунис, Јапонија, Кина, Германија, Гренланд и Канада.

На 5 јуни, во рамките на истиот фестивал, ќе се одржи и настан наречен „Секој ден светот“ посветен на Никола Маџиров и неговата поезија. На 2 јуни, Никола Маџиров продолжува со својата турнеја во Германија, односно со читањето на меѓународниот поетски фестивал односно со

читањето на меѓународниот поетски фестивал „Poetry on the Road“ кој по 13-ти пат се одржува во Бремен. Заедно со Маџиров ќе читаат неколкукратниот кандидат за Нобелова награда за литература Сејс Нотебом од Холандија, како и автори од Зимбабве, Израел, Кина, Норвешка, Финска, Кина, Италија и други.