1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Маљас: Грција да се повлече од Времената спогодба

Грција треба да се повлече од Времената спогодба, бидејќи таа веќе не ги штити грчките интереси, оценува поранешниот шеф на грчката канцеларија за врски во Скопје Александрос Маљас.

default

Долгогодишниот грчки дипломат Александрос Маљас смета дека уште од потпишувањето на Времената спогодба во 1995 година, Грција јасно ставила до знаење дека парламентот во Атина ќе мора да го ратификува приемот на Скопје во ЕУ и НАТО, и дека таквата одлука ќе бара претходно решение на спорот за името.

Според него, уште од потпишувањето на Времената спогодба во 1995 година, Грција јасно ставила до знаење дека парламентот во Атина ќе мора да го ратификува приемот на Скопје во ЕУ и НАТО, и дека таквата одлука ќе бара претходно решение на спорот за името.

„Судењето ги ослабе еден по еден, сите грчки аргументи во однос на нашите односи со Скопје, интерпретирајќи ги во негативна конотација сите клучни клаузули од Времената спогодба вклучувајќи ги оние вметнати во нацрт-договорот за време на преговорите Венс - Овен на грчко инсистирање“, вели Маљас.

Автор: БГ/ СН/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска