1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Мајнц повторно е лидер во Бундеслигата

Чудото од Мајнц продолжува: Мајнц победи во Леверкузен и повторно е лидер на табелата. Дортмунд изгуби два поени против Хофенхајм, Штутгарт ги израмни долговите со Санкт Паули, а Келн го отпушти тренерот Солдо.

default

Од натпреварот Бајер Леверкузен-Мајнц

Мајнц повторно забележува победи благодарение на Андреас Иваншиц и по само една недела повторно е на врвот на табелата од германската Бундеслига. Голот, кој го постигна Австриецот Иваншиц, на Мајнц му донесе победа од 1:0 против Бајер Леверкузен и сега е повторно пред Борусија Дортмунд со 24 поени. Тренерот Тухел е горд на постигнатото:

„Имавме повеќе шанси. Постигнавме добар гол, па горди сме што после поразот од Хамбург ни‘ успеа да извојуваме победа над Леверкузен. Што се однесува до самиот натпревар, особено сум задоволен од начинот на игра во второто полувреме.“

Jürgen Klopp

Јирген Клоп е задоволен

Антонио да Силва, пак, ја поштеди Борусија Дортмунд од мошне чувствителен удар. Играчот од средината, со слободниот удар во третата минута од продолжението на натпреварот против Хофенхајм, му донесе еден бод на табелата. Јирген Клоп, тренерот на тимот, изрази задоволство од натпреварот:

„Секако дека сме задоволни и со овој бод. Веднаш по натпреварот се чувствувавме како победници, и дури подоцна сфативме дека е само еден бод, но навистина беше заслужен.“

Келн го отпушти тренерот Солдо

Хановер го победи Келн со 2:1 и по два последувателни порази се врати на победничкиот колосек, што на табелата значи трето место. Реакцијата од Келн дојде еден ден подоцна: клубот го отпушти тренерот Звонимир Солдо.

1FC Koeln entlaesst Trainer Soldo

Звонимир Солдо доби отказ

Хамбург и Баерн Минхен, пак, играа нерешено 0:0.

Штутгарт направи голем чекор напред кон излез од досегашната мизерија. Со победата над Санкт Паули од 2:0, од последното се најде на четиринаесеттото место. Клубот, за првпат во сезоната, во три официјални меча едноподруго нема забележано пораз. Тренерот Јенс Келер очекува да се задржи ваквиот позитивен тренд:

„Ме радува што победивме со 2:0. Уште на самиот почеток од натпреварот се забележа дека мојот тим беше под огромен притисок. Во првото полувреме игравме доста хаотично, непотребно изгубивме многу топки, но сега можам да бидам задоволен што имаме вкупно три последувателни победи.“

Шалке останува на дното

Четири дена по победата во Лигата на шампионите со 3:1 против Хапоел Тел Авив, Шалке се врати во сивото

1. Bundesliga 9. Spieltag Frankfurt - FC Schalke 04

Агонијата на Шалке продолжува (сцена од натпреварот Франкфурт-Шалке)

секојдневие во германската Бундеслига. Вицешампионот помина со 0:0 против Франкфурт и со 6 бодови и натаму паѓа на табелата.

Ситуацијата не им е наклонета ниту на играчите на Кајзерслаутерн, кои во мечот против Фрајбург го заработија петтиот последувателен пораз.

Борусија Менхенгладбах во последниот меч против Вердер Бремен го запиша својот седми пораз.

Нирнберг, пак, ја покажа својата силна страна во натпреварот со Волфсбург, кого го победија со 2:1 и со тоа ја славеа третата победа на домашен терен.

Автор: Кале Копс / Далибор Стајиќ / Владимир Калински

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска