1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Мајнц и понатаму незапирлив

По успехот на гостувањето кај првакот Бајерн Минхен, сензацијата на сезоната, тимот на Мајнц ја задржа лидерската позиција во Бундеслигата. Вчера и екипата на Хановер го продолжи успешниот поход во новата сезона.

default

Сами Алагуи од Мајнц го прославува голот против Бајерн

Екипата на Хановер го продолжува високиот лет. Со победата од 1:0 нагости над Кајзерслаутерн, тимот се искачи на третото место на табелата, а со 13 освоени бодови од 6 натпревари постави и нов клупски рекорд. Тренерот Мирко Сломка оценува дека успесите на Хановер се објективни.

„Во првото полувреме не игравме добро, но сепак, водевме со 1:0. Во второто полувреме успеавме тврдоглаво да го задржиме тој резултат. Имавме многу среќа“, изјави Сломка.

И екипата на Волфсбург ја продолжи успешната серија. По трите почетни порази, тимот на Стив Мекларен забележа три победи едноподруго, последната со 2:1 над Фрајбург. За Фрајбург ова беше прв пораз на гостувањата сезонава, а тренерот Робин Дут беше разочаран.

„Жално е што во една вака добра игра не успеавме да си заминеме дома барем со еден бод. Мислам дека заслуживме најмалку еден поен. Целосно го запревме Џеко, а Графите головите ги постигна по слободни удари, притоа имавме и 51 отсто посед на топката. Респект и комплименти за мојот тим.“

Ниту Бајерн не успеа да ја запре серијата на Мајнц

Мајнц, сепак, е тимот на сезоната досега. Лидерот на табелата направи големо изненадување, совладувајќи го Бајерн нагости со 2:1, за шестата победа во исто толку натпревари сезонава.

„Сето ова е заслужено. Тимот поседува агресивност и тактички квалитет, и на крајот заслужено победија“, изјави тренерот Томас Тушел.

Капитенот на Бајерн, Марк Ван Бомел, сепак не беше одушевен од играта на гостите.

„Не одигравме добро. Во првото полувреме имавме седум добри шанси, а тие една, и ја реализираа.“

Fußball Bundesliga 6. Spieltag FC St. Pauli - Borussia Dortmund

По почетниот пораз, Борусија (Д) е незапирлива

Веднаш зад Мајнц на врвот на табелата, по одличната серија, е екипата на Борусија Дортмунд. Петтата победа по ред беше остварена на гостувањето кај Сенкт Паули.

„Денеска одигравме одлично. Имавме добар почеток, а потоа Сенкт Паули се врати во игра, откако малку се загубивме. Но, во второто полувреме повторно бевме одлични, одигравме добро до крајот на мечот и заслужено победивме со 3:1“, изјави тренерот на Борусија, Јирген Клоп.

Шалке се спасуваше во дуелот против Борусија Менхенгладбах на домашен терен, по водството на гостите од 2:0 на полувремето. Стратегот Феликс Магат не беше задоволен од исходот.

„Задоволен сум од одговорот на тимот во второто полувреме. Сепак, не можам да сфатам зошто во првото полувреме одигравме без храброст“.

Шалке му го препушти „фенерот“ на Штутгарт

И едниот освоен бод беше доволен за Шалке да му го препушти дното на табелата на Штутгарт, кој загуби на домашен терен од Бајер Леверкузен со 1:4. Тренерот на Бајер, Јуп Хејнкес покажа сожалување за противникот.

„Во првите 30 минути бевме многу силни и не им дозволивме да играат. А кога некој заостанува два гола, тогаш е тешко да се игра против нас“, рече Хајнкес.

Дербито на северот ги оправда очекувањата, а Вердер во Бремен успеа да го совлада Хамбург со 3:2 во квалитетен меч. Бранителот на Хамбург, Хајко Вестерман, оцени дека неговиот тим не бил доволно агресивен во првиот дел:

„Во второто полувреме успеавме да се вратиме, да израмниме на 2:2, и повторно да одиграме едно харикири. Непотребно ја загубивме топката средината, и му дадовме шанса на противникот да не совлада“, рече Вестерман.

Ајнтрахт во Франкфурт ја забележа првата победа сезонава против Нирнберг, додека во петокот Келн и Хофенхајм ги поделија бодовите, играјќи 1:1.

Автор: Кале Копс / Борис Георгиевски

Редактор: Жана Ацеска