1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мајкрософт треба да плати 497 милиони евра!

Европската комисија вчера ја изрече најголемата парична казна од 497 милиони евра против компанијата “Мајкрософт“ поради злоупотребата на доминантната позиција и и наложи да ги смени своите правила на работење што е оценето како штетно за конкуренцијата. Тоа е досега најголема казна изречена за нелојална конкуренција. Во случајот на “Мајкросфот“ казната е пресметана врз основа на заработените 3,43 милијарди долари од продажба. Компанијата има рок од три месеци да ја плати казната и според експертите таа најверојатно ќе се реши за банкарска гаранција со жалба на пресудата. Зошто европските заштитници на конкуренцијата го казнуваат американскиот концерн?

Најголемиот произведувач на софтвер во светот од Рејомнд во американската сојузна држава Вашингтон има долга традиција кога станува збор за агресивни трикови за да се отстрани конкуренцијата. Основачот на фирмата Бил Гејтс со генијален маркетинг и безобѕирно се избори за доминација на пазарите. Тој создаде единствен монопол на својата фирма и стана најбогатиот човек на светот. Оваа политика на фирмата донесе многу критики и жалби од страна на конкуренцијата пред националните чувари на картелите во САД. Во една спектакуларна анти-труст постапка Мајкорософт се најде непосредно пред распаѓање во одделни фирми. По смената на владите од Бил Клинтон кон Џорџ Буш сепак на Мајкрософт му успеа да се израмни со министерството за правда и со некои сојузни држави. Гејтс се повлече од дневниот бизнис и го направи Стив Балмер шеф на фирмата. Пред пет години и пред европската комисија во Брисел се појавија жалби од конкуренцијата. Сан Мајкросистемс се пожали за нелојална конкуренција зашто Мајкрософт се повеќе програми како Интернет -Експлорер или медиумски програми ги поврзуваше со својот Виндоус систем. Сличните производи на другите фирми веќе немаа никаква шанса. Мајкрософт е како граблив ѕвер кој се обидува да го голтне секого што е во неговата близина. Во Европската унија за прашањата на картелите и конкуренцијата од почетокот на деведесеттите години е надлежна Европската комиисја. Со САД постојат соодветни договори за соработка на картелските власти. Во Комисијата постои евро-комесар надлежен за прашањата на конкуренцијата и врз него се префрлени задачите што ги имаа порано националните служби за картели. Марио Монти е неговото име. Тој и шефот на Мајкрософт Стив Балмер неколкупати се обидоа да најдат прифатливо решение. Пред неколку недели Монти најави:

“Согласност во случајот Мајкрософт е невозможна“!

Казната е соопштена и сега обете страни ќе се најдат во клупите на европскиот врховен суд во Луксембург. Мајкрософт таму ќе упати жалба. Стив Балмер во Брисел изјави дека се надева оти е можно прифатливо решение за обете страни зашто сака и натаму со европските консументи и влади натаму да соработува. Казната, според наводите на “Фајненшел тајмс“, Мајкрософт со неговите 43 милијарди долари тековни средства може лесно да ја плати. Но, станува збор за принцип. Станува збор за религијата на картелот за неограничен маркетинг, сметаат посматрачите на овој случај. Постапката пред судот во Луксембург може да потрае повеќе години, а дотогаш Мајкрософт економски може да ги турне на колена своите конкуренти.