1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Мајкрософт“ има нов шеф

Специјалистот за т.н. клауд систем Сатја Надела ќе биде новиот шеф на управниот одбор на концернот „Мајкрософт“.

„Мајкрософт“ пронајде нов шеф во сопствените редови. По речиси половина година интензивно барање Сатја Надела е именуван за раковдната функција, соопшти „Виндоус“-концернот. Надела во „Мајкрософт“ работи од 1992 година и последно беше одговорен за бизнисот со фирмите-клиенти како и за т.н. клауд услуги. Американските медиуми уште изминатата недела шпекулираа дека Надела е најизгледен кандидат за шеф на фирматa.

Истовремено еден од коосновачите на „Мајкорсофт“ Бил Гејтс се повлече од претседателската функција на Управниот совет. Тој во ова тело во иднина ќе му припаѓа како „советник за технологија“, соопшти „Мајкрософт“. Со ваквата функција тој повторно ќе минува повеќе време во претпријатието и ќе го поддржува Надела во развојот на нови производи. Гејтс во последно време беше активен преку неговата добротворна фондација. Функцијата шеф на Управниот совет на „Мајкрософт“ ја презема Џон Томсон.

„Мајкрософт“ стои пред големи предизвици. Опаѓа компјутерскиот бизнис, во кој претпријатието со оперативениот систем „Виндоус“ игра централна улога. Во интернет бизнисот пртепријатието, и покрај големите напори кои досега ги вложуваше, не може да одржи чекор со „Гугл“. Исто така и смартфоните и таблет-компјутерите со „Мајкрософт“-софтвер досега постигнаа слаби удели на пазарот. „Мајкрософт“ сега сосвојата конзола за играње „Xbox One“ и преземање на мобилната телефонија од Нокиа има намера засилено да нуди апарати и услуги.