1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Мајкрософт има нов адут на пазарот на видео игри

Мајкрософт ја претстави новата конзола за видео игри- Иксбокс еден (Xbox One), наследник на познатиот Иксбокс 360. Но видео игрите се само дел од она што Мајкрософт реши да го спакува во својата апарат за забава.

Со Иксбокс еден можете да управувате така што кога ќе замавнете со раката налево или надесно- новите сензори за движење од системот Кинект ги толкуваат вашите движења како што досега тоа го правеше компјутерското глувче. Или можете на апаратот едноставно да му кажете што сакате. Звучи како сон за многу играчи. Сепак, на претставувањето на новата генерација на конзолата на Мајкрософт, менаџерот Јусуф Меди започна со телевизијата и покажа: „Со оваа едноставна команда, можам да гледам телевизија“. Времето кога конзолите се користеа само за играње помина, тврдат од Мајкрософт. Тоа е помалку инспирација, а повеќе сметка. Имено, пазарот за игри на конзоли стагнира веќе неколку години. Затоа оваа компанија реши да преземе дел од пазарот со други начини на забава, односно со филмови, интернет и со телевизија.
Претставникот на Мајкрософт Дон Матрик вели: „Имаме амбициозна визија за Иксбокс еден. Тој треба да стане апарат кој ќе ги обедини сите видови електронска забава. Единствен систем на новата генерација. „Играчите имаат можност и да гледаат ТВ програми кои ги следат другите корисници на Иксбокс, но и во секој момент можат, на пример, да ги повикаат пријателите преку Скајп.

На Мајкрософт му е потребен хит

Што се однесува до самите игри, Мајкрософт ветува детална графика и повеќе реалност. Од излегувањето на Иксбокс 360 на пазарот, поминаа 8 години, така што простор за подобрување има. Но многу играчи се разочарани поради тоа што нема да можат да ги играат старите игри на новата конзола- премногу се разликува техниката.
Акционерот во Мајкрософт, Грег Абела се надева оти Иксбокс еден ќе пронајде свои корисници: „Мислам дека е неопходно компанијата да има хит. Тоа и е потребно на компанијата, на директорите, како и на цените на акциите.“
Иксбокс има и нов изглед: обоен е во црно и во сребрено, еден дел мат, а другиот дел во сјајни бои. По малку наликува на ДВД плеер или на ТВ рисивер. Цената се' уште не е соопштена. А во продавниците ќе стигне „подоцна во текот на годината“. Значи, пред Божиќните празнувања на Западот во продавниците ќе се најде Иксбокс еден и веќе најавениот Сони плејстејшн 4 (Sony Playstation 4).