1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мајкрософт го понуди новиот „Виндоус 8“

Компанијата „Мајкрософт“ од денеска (26.10) на пазарот низ целиот свет го воведува новиот оперативен систем „Виндоус 8“.

„Виндоус 8“ е целосно редизајниран „Виндоус“ кој првпат нуди единствена платформа за различни класи апарати, како компјутери, теблет-компјутери и смартфони. За американскиот концерн ова е одлучувачки чекор, зашто ривалите како Епл и Гугл минатите години започнаа освојување на пазарот на компјутери. Мајкрософт се надева дека ќе и‘ зададе удар на конкуренцијата со пласирањето на „Виндоус*“ на пазарот на таблет-компјутери и да ја потврди својата силна позиција на пазарот на компјутери. Околу 90 проценти од компјутерите работат со „Виндоус“ системи. Шефот на Мајкрософт Стив Балмер изјави дека концернот и неговите муштерии почнуваат нова ера. До крајот на јануари новиот оперативен систем ќе се продава по значително намалена цена.

Корисниците низ целиот свет, освен со купување на нов уред, до крајот на јануари имаат прилика да дојдат до нов „Виндоус 8“ со надградба на своите уреди кои имаат ХП, Виста или 7 со преземање на 8 Про оперативниот систем по цена од 39,99 американски долари.