1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мајко држи се, јас заминав во џихад!

Акциите и насилните протести на салафистите ја шокираа Германија изминативе недели. По последните судири во Бон повредени беа речиси 30 полицајци. Која е идеологијата на салафистите и кој стои зад нив?

„Мајко држи се, јас заминав во џихад“, ечи машкиот глас додека камерата полека минува преку фотографии на мртви деца, убиени, како што може јасно да се види, со истрели од огнено оружје. Ова пропагандно видео на интернет го постави еден салафист од Бон пред да замине во Авганистан со цел да привлече што поголем број доброволци за ткн. света војна во таа земја.

Ваквите случаи не се реткост. Соработниците на германската тајна служба забележале дека веќе две години „лица кои потекнуваат од салафистичкото милје се почесто патуваат кон Авганистан и Пакистан“. Оттаму наведуваат дека „сите кои доаѓаат од Германија и кои се приклучиле кон џихадот во овие земји, претходно биле во близок контакт со салафистичкото движење“.

Враќање на „златното доба“

Сепак, кога се зборува за салафистичкото, односно вехабитското движење, треба да се знае дека тука не станува збор за единствено движење, туку дека постојат бројни струи кои му припаѓаа на сунитското толкување на Исламот. Салафистите пропагираат еден вид „пра ислам“- златно време кое наводно постоело пред 1.400 години и од кое муслиманите во меѓувреме се оддалечиле. Салафистите се борат за враќање на ова доба и притоа го негираат постоењето на другите религии, но и на цивилизацискиот напредок кој во меѓувреме се случил. Но само некои групи се обидуваат тоа да го постигнат со примена на сила“, вели Раул Цејлан од одсекот за исламска религиозна педагогија на

Symbolbild Islamophobie in Deutschland

Протести на десните радикали против Исламот

Факултетот во Ознабрик.

Проблемот е меѓутоа во тоа што, последниве месеци, одредени салафистички групи повеќе не се ограничуваат на тивка пропаганда, туку организираат конкретни акции. На пример, интернет платформата „Вистинска религија“ која досега делуваше само на интернет, ги прошири своите акции и на улиците. Изминативе недели тие го привлекоа вниманието на германската јавност делејќи бесплатни изданија на Коранот.

Ескалација на насилството

До која мерка се ваквите групи подготвени и на насилство најдобро се виде изминатиот викенд во Бон. На 5 мај во Бон протестираа приврзениците на радикалното десничарско движење „Про НРВ“ или „За Северна Рајна Вестфалија“. Тие претходно „се истакнаа“ и со протести против изградбата на џамија во Келн. Контра-протести преку социјалните мрежи организираа и салафистите. Ситуацијата во Бон излезе од контрола откако припадниците на „Про НРВ“ провокативно излегоа со плакати со карикатури на пророкот Мухамед.

Насилството ескалираше, а полицајците кои се наоѓаа меѓу радикалите од едната и од другата страна ги извлекоа најдебелиот крај. Беа гаѓани со камења од салафистите, а двајца добија и потешки повреди со нож. „Вакво насилство во Бон во последните 20 години се нема случено“, оцени полицискиот портпарол Хари Колбе.

Nach Attacke auf Polizisten in Solingen Dutzende Salafisten festgenommen

Судири на салафистите со полицијата

Настанот ги шокираше германската јавност и највисоките политички кругови. Подготвеноста на насилство која ја манифестираа салафистите досега немаше излезено на површина. Шокирани беа и од Советот на муслиманите, највисокото тело кое ги обединува четирите муслимански сојузи во Германија. Сега на сите им е јасно дека нешто мора да се стори, но решенија не се на повидок. Министерот за внатрешни работи Ралф Јегер издаде забрана за користење на карикатури на пророкот Мухамед, но судовите ја отфрлија забраната. Дилемата и онака е дали ваквите забрани можат да го спречат насилството.

Факт е дека салафистите профитираат од насилството и инцидентите од овој тип.

„Тие играат на картата на предрасудите кон муслиманите. Исламот често се асоцира со насилство, назадност и непочитување на правата на жените. А тоа е токму она за кое тие се борат и се стремат“, вели Раул Цејлан.