1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мајкл Ли во посета на Скопје

Директорот на Директоратот за проширување на Европската унија Мајкл Ли во Скопје со владините членови разговара за шансите и условите за Македонија на патот кон членство во ЕУ.

default

ЕУ и Македонија

Мајкл Ли, првиот човек на Директоратот за проширување на Европската унија е во посета на Скопје. Тој е оптимист во однос на шансите на Македонија за добивање датум за преговори за членство во ЕУ уште оваа година „Тоа навистина е во рацете на вашата Влада, Парламентот и луѓето. Основно е да се обрати внимание на клучните приоритети. Ако тоа биде така јас сум оптимист, дека подоцна оваа година, вашата земја ќе биде подготвена за наредниот голем чекор кон ЕУ.“

Евродипломатот дојде во Скопје со важна порака

Македонија за неколку недели ќе почне дијалог за безвизен режим. Ако сака наесен да добие датум за почеток на пристапните преговори ќе мора да се фокусира на приоритетите што ЕУ ќе и ги одреди во март. Со премиерот Никола Груевски гостинот од Брисел разговарал за извештајот на Европската комисија, што треба да ги одреди

Vardar Fluss im Zentrum von Skopje, Mazedonien

Скопје треба да ги спроведува реформите

наредните чекори. „Во основа да се притисне со реформите, да се осигура дека договорот за стабилизација и асоцијација се спроведува како што треба, новите закони што се спроведуваат да бидат во линија со европските, дека определени сектори како што е на пример телекомуникацискиот се либерализираат, во согласност со европските стандарди, да се забрзаат реформите на судството и администрацијата. Борбата против корупцијата и организирианиот криминал да се засилат и уште некои други клучни области.“ Ли отрки дека со премиерот Груевски разговарал за многу важниот чекор напраед, а тоа е дијалогот за визниот режим што Македонија треба да го почне за неколку недели.

Директорот од Директоратот за проширување доаѓа како претходница на еврокомесарите Оли Рен и Франко Фратини.

Мајкл Ли денеска ќе има средба со претставници на владата и ќе оддржи предавање на тема Макеоднија и ЕУ.

DW.COM