1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Мајки“ на Манчевски ги трогна берлинчани

Најновото режисерско остварување на Милчо Манчевски, синоќа (16.02.2011) пред голем број берлинчани и Македонци кои живеат во престолнината, ја имаше првата од петте проекции во селекцијата „Панорама“ на Берлиналето.

default

И покрај не особено веселата тема на „Мајки”, публиката синоќа со топол аплауз го поздрави последното остварување на Милчо Манчевски. 123-те минути во кои се раскажани три приказни чија црвена нишка се различните мајки – од несовесни до запоставени, на гледачите им ја пренесоа атмосферата од Скопје, Мариово и Кичево. Првата алка на „Мајки” е сторијата за девојчињата кои измислениот егзибиционист и го пријавуваат в полиција. Средишниот дел е за последните двајца жители од едно село во Мариово, а

Flash-Galerie Berlinale Premiere des Films Majki

Дел од филмската екипа на „Мајки“ пред Палатата на Берлиналето

последниот сегмент е посветен на серискиот убиец од Кичево.

„Филмот се занимава со природата на вистината. Првата личност која не‘ учи да ја кажувме вистината или да лажиме е, претпоставувам, мајката...Филмот се занимава значи со природата на вистината. И тоа посебно и на онаа во Македонија”, рече по проекцијата Манчевски, одговорајќи на прашање на еден од гледачите и објаснувајќи ја формата на експерименталниот филм која практично ја создава.

Публиката пленета од различното

„Филмот многу ми се допадна, иако некои работи не ми беа баш најјасни - што беше тука докуметарец, што фикција или двете работи беа заедно. Најдобар беше средниот дел со напуштеното село, тоа многу ме тргогна ”, коментираше една берлинчанка, додека на друга поебно и‘ се допадна можноста да ја види

Berlinale Vorstellung des Films Majki

Милчо Манчевски одговараше и на прашањата на публиката

Македонија која многу се разликува од овдешниот пејсаж, која изобилува со многу спротивности. На пример градот со задушлив сообраќај во првиот и делумно вториот дел и контрастот на природата која е негибната и поинаква од германската - распространета и широка...

Манчевски, кој синоќа на кино-бината на Берлиналето ги донесе и актерката Ратка Радмановиќ, авторот на музиката Игор Василев Новоградска и сценаристот Дејвид Мунс, го прашавме со што ќе се окупира по Берлиналето:

„Пишувам сценариот со работен наслов „Саншајн” кое повторно си игра со филмската форма и природата на вистината. Со тоа како ја дожувуваме вистината како гледач, каков однос имаме кон филмот кога е документарен, и каков е односот кога е игран, што се случува ако имаме документарен филм кој е игран, кој е лажен, и како гледачот ја доживува таа вистина“.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Жана Ацеска