1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Мајките бараат начин да прекинат безредијата во Франција

Францускиот министер за внатрешни работи Николас Саркози и натаму го брани својот цврст курс против бунтовниците, а младите демомнстранти 17 вечер по ред ги продолжија безредијата, и покрај заканите со протерување доколку тие, доселениците не се придржуваат до законите.

Безредија во Франција

Безредија во Франција

Сепак во голем број предградија професори, социјални работници и месните жители сега почнаа самите да преземемаат инцијатива за повторно да се врати редот. Некои навечер организирано се собираат во јавните објекти кои се сметаат за особено загрозени како базени на пример, за да ги оттргнат младите да не подметнат пожар. А повеќе проминентни жени од миљето на доселениците, меѓу кои филмографот Јамина Бенгуигви, сенаторката Бумедиен Тјери и социологот Дунија Бузар, како мајки повикаа да престанат чиновите на насилство.

„ Драги деца, Франција е наша земја, длабоко во вашата внатрешност тоа и го знаете“

Дунија Бизар го читаше отвореното писмо составено заеднички со другите жени од иницијативата. Мајките со емигрантско потекло родени или израснати во Франција на овој начин испратија повик до младите во предградијата но и до другите Французи, белите и до политичарите. Мајките како и многу други во Франција баарат средства против насилството.

Во повикот мајките со корени од Алжир, Мароко, Тунезија, Сенегал зборуваат за длабоките душевни повреди кај доселениците во Франција, а на децата тие им велат дека Франција е нивна земја.

Јамина Бенгуигви веќе од поодамна согледа дека постојат сериозни проблеми, таа сега го потпиша повикот на мајките но пред неколку години снимаше филма со тема доселеници:

„Мојот филм покажува дека добро образованите луѓе немаат шанса при вработување. Не ги покануваат ниту на информативен разговор. Постои граница, невидлив апартхејд поради нивното име или потекло.“

Децата од доселеничките семејства ја доживуваат сиромаштијата како континуирана состојба во целото опкружување, а според мајките младите сега се бунтуваат бидејќи веруваа во ветувањата на француската република „Еднаквост, слобода, братство“ - но републиката не ги исполни овие ветувања кон нив.