1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мајка на три деца се самозапали во Тибет

Жената си го одзела животот во знак на протест против кинеската политика во будистичкиот регион.

Мајка на три деца е новата жртва од самозапалување во Тибет во знак на протест против политиката на Пекинг. Жената се самозапалила пред будистички манастир во регионот Аба во југозападната провинција Сечуан, соопштија организации за човекови права со седиште во Лондон меѓу кои и Слободен Тибет.

Жената која била на возраст од 30-ина години починала на самото место. Тоа е 38 случај на самозапалување во Тибет од 2009-та година чија цел е да се привлече вниманието кон ограничувањата врз будизмот од централната власт во Пекинг и во поддршка на барањето на жителите на Тибет духовниот лидер Далај Лама да се врати од прогонство.

Во неделата двајца млади Тибеќанци се самозапалија во градот Ласа. Полицијата уапсила стотина луѓе во протестите кои уследиле во градот, тврдат невладини организации.