1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Мачно будење од сонот за титулата светски првак

Јапонките ја шокираа Германија. Актуелниот шампион во фудбал за жени загуби во четвртфиналето и предвреме го заврши турнирот.

default

Германија поразена од Јапонија

Бранителот на титулата и домаќин на Светското превенство во фудбал за жени, Германија загуби во четвртфиналниот натпревар против Јапонија. Тимот предводен од селекторот Силивија Најд натпреварот во Волфсбург го загуби со резултат нула спрема еден, во продолжението. Тренерот на репрезентацијата, Силвија Најд по натпреварот изјави: „Штета е што тоа се случи на првенството на кое сме домаќини.“ Фудбалерката од одбраната Лена Геслинг разочарано констатираше: „Многу сме тажни и разочарани. Мислам дека целата репрезентација планираше, дека во турнирот ќе останеме уште една недела. Ми недостасуваат зборови, затоа што сите сме разочарани и тажни.“

Покрај Јапонките вчера во полуфиналето се пласираа и Французинките. Во драматичниот меч во Леверкузен, Франција однесе победа над Англија со 4 спрема 3 по изведувањето пенали. Шведска со победата над Австралија со 3 спрема 1 исто така обезбеди пласман во полуфиналето и со тоа и’ го презеде на Германија последното слободно место за учество на Олимписките игри наредната година. Последниот четвртфинален меч се игра попладнево меѓу Бразил и САД.

Автор: АТ/ дв

Редактор: Горан Чутаноски