1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Махер ал-Асад - вистинскиот владетел во Сирија?

Махер ал-Асад во меѓународни рамки е речиси непознат, веќе една година не е виден во јавноста, но во Сирија игра клучна улога. Тој е брат на претседателот Башар, осомничен дека стои зад можниот напад со хемиско оружје.

default

Махер и Башар ал-Асад

„Махер е ѓаволот, братот Башар е само марионета“, често велат противниците на сирискиот режим. Помладиот брат на претседателот сигурно радо би бил шеф на сириската држава. Но, тој е премногу избувлив за државник.

Првично таткото Хафиз ал-Асад, кој 30 години владееше во Сирија со цврста рака, за свој наследник на функцијата го имаше определено најстариот син Басел. Но, тој загина во 1994 година во сообраќајна несреќа, па на негово место мораше да дојде Башар, офталмолог.

Заповедник на илјадници елитни војници

Махер е силниот човек на кланот во сириската армија. Под негова команда стојат две елитни единици, 4-та дивизија и Републиканската гарда, која самата брои 10 илјади специјално обучени војници. Бидејќи таа е задолжена за одбрана на главниот град Дамаск, на товар и‘ се става и наводната употреба на отровен гас.

Брутален и непредвидлив

45-годишниот Махер има зад себе подебело досие. Во 2008 година тој го задушил бунтот во затворите - брутално, безобзирно. Потоа жртвите ги снимал со камерата од својот мобилен телефон. ЕУ го оцени Махер ал-Асад за најважен наредбодавач за насилството против демонстрантите. Очевидци тврдта дека виделе како тој лично пука во невооружени демонстранти. Но, Махер и во приватниот живот е склон кон насилство. Во кавга тој пукал во својот зет, кој порано беше шеф на тајната служба.

Исчезнат од јавноста

Махер во напад врз централата на режимот во Дамаск пред околу една година ја загубил едната нога. Долго кружеше глас дека Махер всушност загинал при нападот. Во секој случај, него повеќе од една година никој го нема видено во јавност.

Фејсбук-профилот на офицерот Махер ал-Асад покажува пред се‘ едно: фотографии на храбри сириски војници во ботба со калашникови, пред тенкови, во воени хеликоптери, кои пукаат врз квартови на Дамаск, Махер во парадна униформа и со брада на фронт. Меѓу останатото и многу лавови и женски симпатизери кои постираат: „Лавовите ќе победат“. Асад е арапски збор за лав.

И се разбира, насекаде делумно кич-фотографии на неговиот брат, претседателот. Како двајцата браќа да ги поделиле меѓусебно најважните улоги: Башар, државник и политичар и Махер, човекот за грубите работи, односно за „валканиците“.