1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Матурата- важен дел од реформата во образованието

Во Македонија за прв пат завршените средношколци полагаат државна матура. Денеска се полага вториот екстерен испит по странски јазик и математика. Воведувањето на матурате претходно беше проследено со протести

default

Средношколците потоа ги чека универзитетот

На првиот од двата екстерни испити- по мајчаин јазик, се појавија сите 17.800 матуранти. Првиот ден од полагањето на матурата и според учениците, но и според директорите на училиштата, наставниците и надлежните од Министерството за одбразование, мина во најдобар ред.

Задоволство од полагањето

Препотени и истоштени, но сепак со насмевка на лицата по четирите часа минати над прашалниците, матураните речиси во еден глас ни изјавуваа дека испитот по мајчин јазик бил лесен, иако прашањата овој пат биле за малку потешки отколку на пробната матура. Сите се надеваат на успех и полагање на државниот испит, од кој понатаму ќе им зависи запишувањето на факултетите.

Со оптимизам дека матурата сепак ќе го мине првиот и најтежок чекор се и директорите и наставниците.

Значен чекор во реформата на образованието

Министерот за образование и наука Сулејман Рушити го пофали воведувањето на државната матура како најзначен дел од реформата во образованието во Македонија. Според него таа и официјално стана реалност и со неа ќе се подобри квалитетот на образованието во Македонија.

Инаку воведувањето на државната матура беше проследено со неколкумесечни протести на средношколците во Скопје и други градови низ Македонија. Тие одбиваа да полагаат завршен испит, имаа катастрофално лоши резултати на пробната матура, па дури поведоа иницијатива и пред Уставниот суд за нејзино пролонгирање. Првиот екстерен испит од матурата- мајчин јазик се полагаше во четвртокот утре. Резултатите од државната матура ќе се знаат за еден месец.