1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Матурантите ќе полагаат пробна државна матура

На 05 и 06 декември матурантите во Македонија ќе полагаат пробна државна матура. Надлежните велат дека се е подготвено идните академски граѓани да го покажат своето знаење на тестирањето.

default

Кој колку научил?

На дводневните тестирања во среда и четврток, матурантите ќе полагаат само два предмета, иако на државната матура во јуни ќе се полагаат четири. Сега средношколците ќе покажат што научиле од македонскиот или мајчиниот јазик на матурантот, а како втор предмет ќе се полага странски јазик и математика.

На прелиминарните сондажи се пријавиле две третини од матурантите во Македонија.