1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Матичар со хумор

Хартмут Јосе е матичар во Шпајер и со неговиот тим организира иновативни , индивидуално ориентирани венчавки. Тој е омилен матичар меѓу идните младоженци бидејќи административниот чин го зачинува и со понекоја шега.

Матичарот во градот Шпајер на југоистокот на Германија, Хартмут Јосе вообичаеното „Да“ на венчавките понекогаш го слуша и до 5 пати дневно. Поранешната капела е многу популарна меѓу идните брачни двојки бидејќи нуди можности за идеите на славениците.
Хартмут Јосе помага каде што може. На сите парови им е особено важно церемонијата да помине добро. Освен тоа потребен е и матичар. Но венчавка во капелата во градот Шпајер значи многу повеќе.
„Јас сум матичар, но и помалку замена за црквеното венчавање.“, вели Јосе дополнувајќи: „Вие сте господар на церемонијата и планирате венчавање пред и за време на самата свеченост. Како водител на целата програма“.
Матичарот мора да има слух за сите прашања.
„Прстени? Имате ли прстени? Ало. Ви требаат веднаш? Дадете ги на мојата колешка. Имаме тацна за прстените. Таму ги ставаме, за да му е поедноставно на фотографот“, ги насочува матичарот младенците неколку моменти пред почетокот на венчавката.

Потоа задоволно заклучува:
„Капелата сега ќе биде преполна. Така треба и да биде! Повеќе од стотина гости, совршено.“
Иако граѓанскиот брак е само административен чин, сѐ мора да биде како што треба.
„Прогнозираше убаво време. И претходно не‘ советуваше убаво“, задоволна е една невеста. Добра оценка за услугите на секогаш добро расположениот матичар е и еден младоженец:

„Беше супер. Избра убава музика и ни рече дека имаме излез во случај на опасност ако работата не оди како што треба. Навистина го направи тоа добро.“.

Хартмут Јосе милува церемониите да ги заврши со шега
„Драги младенци, во име на градоначалникот на градот Шпајер би сакал да ви го доделам нашиот златен готвач со предговор и посвета за на вашиот брак да не му недостасува ни хранлив карактер.“