1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Мастерплан на ЕУ против илегалното доселување

Сликите од бегалската трагедија пред островот Лампедуза во октомври го обиколија светот. Два месеца подоцна еврокомесарката за внатрешни работи Малмстром претстави своевиден мастерплан кој треба да спречи такви несреќи.

По катастрофалната трагедија на 3 октомври во Средоземното море пред италијанскиот остров Лампедуза, државите членки на ЕУ нјавија поголема солидарност со средоземноморските земји. Несреќи како октомвриската не и се достојни на Европската Унија, порача вчера (04.12.2013) еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром, при претставувањето на т.н мастерплан на ЕУ. Работна група под раководство на Европската Комисија од почетокот на октомври состави цела редица мерки, со кои во иднина треба да бидат спречени вакви катастрофи. „Ламедуза се случи. Изгледа како тоа би можело уште еднаш да се случи. Дојдено е времето за државите-членки, за сите нас да покажеме дека сме го направиле што е можно најдоброто за да ги минимизираме ризиците, ова да се случи уште еднаш“, порача Малмстром.

За најкусо време спроведени се мерки за да се подобри ситуацијата во Италија. Сесилија Малмстром за таа цел мобилизираше 15 милиони евра , кои меѓу другото се искористени за поддршка на создавањето на систем за азил.

Cecilia Malmström PK 04.12.2013

Еврокомесарката за внатрешни работи Цецилија Малмстром

Но особено важно е рамномерното распоредување на дојдените бегалци цо повеќе држави-членки на ЕУ. Еврокомесарката ги повика сите членки на Унијата да прифатат повеќе бегалци од Сирија преку програмата на Високиот комесаријат за бегалнци на Обединетите нации (УНХЦР). Малмстром изрази разочарување дека само 11 од вкупно 28 членки на ЕУ ја имаат потпишано оваа програма. Во изминаттат година преку програмата на УНХЦР се прифатени само 4500 бегалци. За споредба, САД прифатиле 50 илјади луѓе кои избегале од Сирија.

ЕУ сака да воспостави контрола врз бегалските маршрути

Со цел во иднина да се спречат човечки трагедии, експертската група на Малмстром пред сѐ стреми кон потесна соработка со трети земји. Во таа насока еврокомесарката денеска (05.12) ќе потпише Договор за партнерство со Тунис. Преку вакви договори со централните транзитни земји , би требало справувањето со криумчарите да биде поефикасно, да се попречи трговијата со луѓе и да бидат отворени легални патишта кон Европа.

Во многу од овие земји воопшто нема законско одредби за правата на бегалците и на барателите на азил. Бегалците кои од Европа се депортираат во овие транзитни земји немаат право на помош. ЕУ додуша врши притисок таму да се усвојат одредби за правата на бегалците, но владите во третите земји како Либија и Етиопија се многу нестабилни.

Според мислењето на експертската група на ЕУ , во регионот на Средоземното море треба да се засили активноста и присутноста на Фронтекс (Агенција за заштита на границите на ЕУ). „Фронтекс до екстра буџет од седум милиони евра за да ја поттикнува соработката во средоземноморскиот регион и да ја подобри сорабоката во регионот меѓу Кипар и Шпанија за спасување на животи“, изјави Малмстром.

Програмата Еуросур, која Агенцијата за заштита на границите на ЕУ ја започна на 2. декември треба посебно да придонесе во тоа , Средоземното море да стане побезбедно за бегалците. Преку оваа програма треба побрзо да може да бидат фаќани криумчарите на дрога и трговците со луѓе.

Броба против криумчарите на дрога, трговците со луѓе но и недолжните

Еуросур- програма за обезбедување на границите, преку која меѓутоа нема да бидат ловени само криминалци , смета пратеничката на германската партија на Зелените во Европскиот парламент Барбара Лохбилер : „Преку оваа програма ЕУ ќе се справува и со луѓето кои се наоѓаат на отворено море. Ваквото изолирање на границите на ЕУ би имало последици врз бегалците. Имено криминалците поради тоа ќе бараат уште поопасни маршрути , кои ќе бидат опасни по живот за луѓето кои се наоѓаат во бегство“.

Вкупно 38-те предлози на експертската група на ЕУ на крајот на неделава ќе бидат натамошно разработени и продискутирани она средбата на министрите за правда и внатрешни работи на земјите-членки на Унијата. На Самитот на ЕУ по катастрофата кај Лампедуза не можеше да се препознае промена во мислењето кај одговорните министри и шефови на влади на земјите од ЕУ. Истотака е неверојатно дека предлозите на експертската група ќе дадат поттик за почеток на нова ера во политиката на ЕУ за заштита на бегалците.