1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Масовно убиство во Колорадо

Најмалку 14 лица ги загубија животите, а околу 50 се ранети откако маскирани напаѓачи отвориле оган во кино во американската сојузна држава Колорадо, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на полициски извори.

default

Полицијата го опколила трговскиот центар во кој е сместено киното, но засега нема детални информации дали крвавиот напад се‘ уште трае. Локалната телевизија КДВР јави дека станува збор за двајца напаѓачи, од кои едниот е веќе уапсен, а по вториот се трага. Си-Ен-Ен пак, јави за еден единствен напаѓач.

Според КДВР, напаѓачите влегле во кино-салата за време на проекцијата на новиот филм за Бетмен, фрлиле солзавец и почнале да ги убиваат луѓето. Тие носеле гас-маски и панцирни елеци. Локалните болници биле алармирани да примат поголем број пациенти. Според телевизискиот канал Ен-Би-Си тим на експерти за детонација е испратен на местото на настанот.