1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Масовно „подновување“ со стари автомобили!

Од март до крајот на јули во Македонија се увезени речиси 32.000 половни возила. Од нив, досега се регистрирани околу 22.000 возила. Како оваа владина мерка се одрази на работата на увозниците на нови автомобили?

default

Македонската влада во февруари ја крена старосната рампа за увоз на половни возила, а веќе од март автомобилите почнаа да влегуваат во Македонија. Во огромен процент станува збор за евтини автомобили од европските плацови, со над 10 години старост и голем степен на амортизираност. Ваквата мерка многумина ја оценија како ново собирање на европскиот автомобилски крш, по сличната одлука во 2001 година.

Од увезените 32.000 возила, досега се регистрирани само две третини, вели помошник-министерот за внатрешни работи Иво Котевски.

По кризата, нов удар за продавачите на нови возила

Додека едни, во случајот увозниците на стари автомобили, тријат раце, другите, импортерите на нови брендови автомобили, само ги бројат загубите.

Во првите седум месеци годинава, во земјава се увезени речиси 32.000 половни автомобили, а само 4,500 нови. Плацови со стари возила изникнаа на речиси секоја крстосница.

„Голем број од граѓаните го обнови својот возен парк, иако и овие возила се прилично стари“, вели еден од увозниците на половни автомобили.

Импортерите на светските брендови на автомобили во Македонија, по ланскиот 40- процентен минус во продажбата на возила, пред се‘ заради економската криза, годинава се судруваат со уште еден драстичен пад на продажбата од 35 отсто, наведуваат во групацијата на импортери на возила.

Schrottautos Schlagworte: Iran, Teheran, am Rande der Stadt, Umweltverschmutzung Quelle: IRNA

Дали во Македонија дојде „кршот“ од Европа?

„Во Македонија барем за профити веќе не може да се разговара. Тие фирми кои ќе успеат до крајот на оваа година да ја држат главата над вода и да бидат на една убава, позитивна нула, ќе бидат многу среќни,“ деновиве оцени директорот на „Порше Македонија“ Златко Муцунски.

Ситуацијата станува уште полоша ако се знае дека побарувачката е опадната во година кога се бележат најниските цени на нови автомобили. Како пример, импортерите наведуваат дека возилата што до лани се продаваа за 15.000-16.000 евра сега со попусти од 2.500 до 3.000 евра остануваат непродадени.

„Оваа мерка можеби навидум им донесе можност на граѓаните да дојдат до поевтин автомобил, меѓутоа ако се земе во предвид староста на возилата, нивната амортизираност, негативните ефекти ќе дојдат дури подоцна", дообјаснува директорот на „Порше Македонија“.

Така не мисли и Котевски, кој оценува дека старосната граница на возилата нема да предизвика некои драстични промени во безбедноста на сообраќајот.

Deutschland Autos Neuzulassungen VW

Новите автомобили чекаат на ред...

Зголемен ризик од сообраќајни несреќи

Од друга страна, осигурителните агенти наведуваат дека со увозот на стари возила се зголемува ризикот од сообраќајни незгоди затоа што на запад гаранцијата за возилата е од три до пет години, а потоа драстично се зголемува полисата за осигурување на возилото, што кај нас не е случај.

„Дали за ново или половно возило, осигурителната полиса е иста и зависи од киловатите на возилото, додека ризикот што таа го носи не се опфаќа со таа полиса‘ ни изјави Мирко Георгиев, брокер за осигурување во брокерската куќа „Еуроексперт“.

Во првите седум месеци годинава од увозот на стари возила државата од царина, акцизи и ДДВ инкасирала 24 милиони евра, додека од легализацијата на нови возила -13, 7 милиони евра.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Жана Ацеска