1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Масовни протести против САД и Израел

Десетици илјади Иранци на годишнината од заземањето на американската амбасада во 1979 година демонстрираа против САД и Израел. За тврдокорните добредојдена можност да се спротивстават на умерениот претседател Рохани.

По повод сеќавање на упадот во амбасадата на САД во Техеран 1979 година традиционално се собираат многу Иранци, за да ја изразат својата омраза против заколнатите непријатели САД и Израел. Оваа година на улиците пред поранешната американска амбасада во главниот град на Иран се собраа повеќе десетици илјади луѓе. Според набљудувачите, тоа беа едни од најголемите анти-американски демонстрации во последните години.

Додека новиот либерален претседател Хасан Рохани иницираше спектакуларен процес на приближување со Вашингтон, конзервативните сили и тврдокорните муслимани се мобилизираа на масовен протест на 34. годишнина од инцидентите околу амбасадата. Демонстрантите скандираа „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“, на многу места гореа американски знамиња. Исто така и во други градови во земјата имаше протестни акции.

Притисок врз Рохани

Во Техеран, според телевизиските извештаи, меѓу учесниците биле и водечки личности од редовите на конзервативците, меѓу кои и шефот на исламистичките милиции „Басиџ“, Мохамед Реса Нагди. Присутен наводно бил и еден од замениците на претседателот, Мохамед Шариатмадари. За радикалните групации, или за влијателната револуционерна гарда, овие демонстрации биле и знак до духовниот водач ајатолахот Али Хаменеи, да се спротистави на либерализација. Освен тоа, тие би требало да бидат и јасно предупредување до претседателот Рохани и умерените сили околу политиката на приближување.

Реформа и револуција

Во последниот период дојде до значитело намалување на тензиите во американско-иранските односи. Рохани по неговиот избор изминатото лето сигнализираше дека има намера да го подобри односот кон Западот и да постигне решение за атомскиот спор. Неодамна се одржа и историски телефонски разговор меѓу Рохани и претседателот Обама.

На 4. ноември 1979 година радикални студенти, во рамките на исламската револуција во Иран, насилно упаднаа во американската амбасада во Техеран. Тие потоа 444 денови држеа како заложници 52 американски дипломати. Со тоа протесатираа против приемот на соборенот Шах од Персија од страна на САД. Инцидентот доведе до прекин на дипломатските односи меѓу Вашингтон и Техеран, како и до догорочно дипломатско и политичко „ледено доба“ меѓу двете земји.