1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Масовни протести во САД

Во знак на протест против заострувањето на законите за доселување во САД на Денот на трудот на улиците излегоа стотици илјади имигранти.Во Њујорк,Вашингтон ,Чикаго,Лос Анџелес и 60 други градови тие демонстрираа против дискриминацијата и бараа повеќе права.

default

Вчерашниот ден беше прогласен за „Ден без доселеници“.

Многу од рестораните и продавниците на доселениците останаа затворени.Организаторите на протестите повикаа на нивен еднодневен бојкот.Големите градови требаше да замрат,за да биде истакнато значењето на доселениците за американското стопанство.

-Се разбира,секој има право да го изнесе мирно своето гледиште,но претседателот не е е љубител на бојкоти,изјави портпаролот на американскиот претседател,Скот Мек Клелан.

Сенатот во меѓувреме заседава околу заострување на законите за доселување.Пратеничкиот дом,каде доминираат Републиканците,веќе се изјасни за тоа илегалното доселување да биде прогласено за кривично дело,а луѓето и фирмите во кои тие работат или ги поддржуваат,да бидат казнувани.Либералните сенатори напротив сакаат по паричната казна на илегалните доселеници да им го отворат патот кон легализирање на престојот.

Тие аргументираат дека доселенциите се важен мотор на американската економија и на општеството.Бил Ричардсон,гувернер на Сојузната држава Њу Мексико за вчерашните протести изјави:

-Имам поделени реакции.Јас сум гувернер на погранична држава .Знам дека во мојата држава има голем економски поттик од имигрантите.Но,јас се грижам за децата кои не одат во училиште,јас се грижам што симболот на имиграцијата е дека тие лица доаѓаат во Америка да работат,но не работат.