1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Масовни протести во Берлин: Стоп за шпионирањето од НСА

Илјадници незадоволни Германци излегоа вчера на улиците во Берлин за да протестираат против активностите за надгледување на интернетот од страна на Американската агенција за национална безбедност.

Вчерашниот протест во Берлин, освен против НСА, беше насочен и против активностите на другите разузнавачки агенции. Организаторите на протестот, меѓу кои се опозициските Зелени, Партијата на левицата и Партијата на пиратите, информираа дека на улица излегле 20.000 демонстранти. Полицијата не сака да ги потврди овие бројки, велејќи дека незините бројки „се разликуваат од тие на организаторите“.

Протестот беше организиран под паролата – „Слобода наместо страв“, а демонстрантите носеа транспаренти на кои стоеше: „Престанете да не шпионирате“. Имаше и саркастични транспаренти како: „Благодарение на ПРИСМ (програмите на американската влада за масовно собирање на податоци, н.з.) владата конечно знае што сакаат луѓето“.

„Разузнавачките агенции, како НСА, бесрамно ги шпионираат телефонските разговори и интернет врските ширум светот, а нашата влада испраќа смирувачки објаснувања“, рече Каи-Уве Штефенс, портпарол на Работната група за заштита на податоци.

Demonstration Freiheit statt Angst für Bürgerrechte und Datenschutz

Разузнавачките агенции следат се’

Медиумите објавуваат нови документи за следење податоци

Во четвртокот (05.09.2013) протекоа нови документи со кои се обвинуваат американските и британски разузнавачки агенции за пробивање на енкрипцијата со која се заштитува широк обем на онлајн комуникации, кои вклучуваат и имејли, банкарски трансакции и телефонски разговори. Документите и во овој случај се обезбедени од страна на поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден и се испратени до Њујорк тајмс, ПроПублика и Гардијан. Во нив се тврди дека разузнавачките агенции дури можат да дешифрираат дури и безбедни приватно дизајнирани шифри.

За надгледување на СМС и мејл пораки, како и на локацијата на која се наоѓа корисникот на смартфонот, информира и германскиот магазин Шпигел. Според овој медиум, НСА е во можност да пристапи до податоците на Ајфоните, како и на Андроид и БлекБери уредите. Мини програмите, т.н. скрипти (scripts) овозможуваат пристао до 38 програми на Ајфоните.

Во однос на БлекБери, Шпигел информира дека агенцијата уште во 2009 година можела „да ја гледа и чита размената на СМС пораки“. Компанијата привремено и’ го направила отежнат пристапот на НСА до информации, откако почнала да ги компресира податоците. Но, во март 2010 година НСА повторно ги пробила податоците на овие мобилни уреди. За системот на БлекБери претходно важеше мислењето дека е многу сигурен.