1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Масовни отпуштања и поскапувања во Грција

Добрата вест за Грците утринава е дека можат да се надеваат на нова транша финансиска помош од ЕУ, ЕЦБ и ММФ, без која нивната држава ќе мораше да банкротира. Лошата- дека најмалку 100 илјади луѓе ќе останат без работа

default

Грчкиот министер за финансии, Евангелос Венизелос

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу за денеска свика вонредна седница на владиниот кабинет. Според информациите на грчките медиуми, повод се новите мерки за штедење што произлегле од телефонската конференција на министерот за финансии Евангелос Венизелос со т.н. тројка. Синдикатите сметаат со нов бран отпуштања, со скусувања на пензиите и платите, како и нови даноци на тутунските и алкохолните производи.

Медиумите тврдат дека ќе поскапи и мазутот за греење, а треба да биде воведен и нов данок на недвижнини. Освен тоа државниот апарат треба драстично да се намали. Преку 50.000 службеници треба веднаш да заминат од работните места, а до 2015 ним треба да им се придружат уште 100.000. Предвидено е што е можно побрзо затворање на 117 фирми, кои добиваат помош од државата. Во Грција моментално има 700.000 државни службеници, како и околу 200.000 кои работат во претпријатија што добиваат државни субвенции, како што се на пример телевизијата и електростопанството.

Синдикалните здруженија веднаш најавија нови штрајкови за 6 октомври. Новоизбраниот претседател на Синдикатот на вработените во јавните претпријатија, Костас Цикрикас, порача:

„Уште повеќе од ваквите тешки мерки на штедење се непоедносливи за нашето членство. Во изминатите 22 месеци тие страдаа доволно, веќе изгубивме 15% од куповната моќ. Тоа не придонесува за надминување на кризата, туку само ја влошува. На тој начин ќе се зголеми невработеноста и ќе се продлабочи рецесијата.“

Griechenland George Papandreou

Влада на стаклени нозе: Јоргос Папандреу

Ќе преживее ли владата на Папандреу?

Познавачите на грчката политика сметаат дека актуелната влада на Папандреу нема да успее да го издржи притисокот на јавноста поради драстичните мерки за штедење и дека социјалистичката партија ќе мора или да се впушти во создавање голема коалиција со опозициската Нова демократија или пак ќе мора да свика нови предвремени избори.

Рејтинг агенцијата Фич и понатаму смета дека Грција ќе мора да прогласи државен банкрот. Експертот на агенцијата Дејвид Рилеј сепак очекува дека земјата ќе остане во евро-зоната. Тој смета дека загриженоста за можен распад на целата монетарна унија е претерана и не очекува дека може да дојде до банкрот на поважните финансиски институции. Исклучувањето на Грција, според Рилеј, би бил опасен преседан. Останатите земји членки на евро-зоната со тоа би биле изложени на зголемен ризик од одлевање на капиталот, како и натамошни државни банкроти и кризи на банките.

Автор: Штефан Вурцел / Горан Чутаноски

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM