1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Масовни евакуирања поради поплавите

Неизвесност на северот на Германија и покрај намалување на водостојот на реките. Десетици илјади луѓе ширум Германија мораа да ги напуштат своите домови. Кога ќе можат да се вратат засега не се знае.

Само во покраината Саксонија Анхалт мораа повеќе од 40.000 луѓе да се засолнат во привремени сместувалишта. Во покраинскиот главен град Магдебург се евакуирани делови од градот. Повеќе од 20.000 жители, пред се' од источните наслеби и од населбата Ротензе, мораа да се засолнат од водените маси.

Не само во Магдебург, и на други места во Германија луѓето беа принудени да ги напуштат домовите и да се засолнат на сигурни места, кај пријатели или роднини. Во покраината Саксонија најлошото се чини е поминато, меѓутоа водата многу споро се повлекува и натаму притиска на насипите. Таму се евакуирани околу 13.000 луѓе.

Во градот Битерфелд во Саксонија Анхалт, пак, околу 10.000 граѓани смееjа да се вратат во своите домови, откако беше затворен насипот кој претходно попушти од водените маси.

Железничкиот сообраќај попречен

Во источна Германија денеска почна да се намалува водостојот, меѓутоа луѓето и натаму се борат со природната катастрофа. Во текот на ноќта во покраината Саксонија Анхалт се сруши еден насип во должина од 50 метри, по што беше поплавено местото Фишбек.

Извесен период во прекин беше и снабдувањето со струја во градот, бидејќи водата потопи еден трансформатор.

Големиот бран поплави сега се движи во правец на покраината Бранденбург и кон северна Германија, каде луѓето се обидуваат да ги зацврснат насипите. Брзите возови (ИЦЕ) кои сообраќаат на релации меѓу Берлин и Франкфурт како и меѓу Хановер и Берлин мораа да бидат пренасочени. Германски железници соопштија дека десетици илјади патници беа соочени со доцнења и по повеќе часови.

Меркел вети поголема помош

Експертите проценуваат дека поплавите ќе предизвикаат штети најмалку во висина на оние кои ги предизвикаа поплавите во 2002 година.

Германската канцеларка Ангела Меркел, преку нејзиниот портпарол Штефан Зајберт, соопшти дека ќе има дополнителна помош, покрај итната помош во висина од 100 милиони евра, која е ставна на располагање за жртвите од поплавите.

„Покрај сегашните акутни мерки на луѓето ќе им биде потребна поддршка и кога ќе треба да ги обноват домовите“, рече Мануела Розбах раководител на инцијативата „Акција Германија помага“.

Најмалку седум лица досега го загубија животот во полавите, додека повеќемина се сметат за исчезнати.