1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Масакр во Јужен Судан: убиени над три илјади цивили

Најголемиот дел од жртвите се цивили од племето Мурле, откако нивните села биле нападнати од ривалско племе

default

Бегалци во Јужен Судан

Повеќе од три илјади луѓе биле убиени во бруталните масакри во Јужен Судан извршени минатата недела предизвикани од племенска нетрпеливост, информираат локалните власти. Обединетите нации потврдија дека повеќе од 50 илјади луѓе ги напуштиле своите домови поради насилствата.

Сепак, ОН и централните власти во новоформираната држава Јужен Судан не можеа официјално да ги потврдат информациите за жртвите.

Од ОН најавија дека започнуваа масовна хуманитарна операција за згрижување на сите раселени лица и дополнителна истрага за бројот на жртвите.

Според информациите од локалните власти, околу шест илјади припадници на племето Лоу Нуер нападнале села во кои живееле припадници на ривалското племе Мурле. Во масакрот кој уследил загинале повеќе од две илјади жени и деца, и околу илјада мажи. Двете племиња долго време спореле околу земјоделско земјиште и кражби на стока.

Автор: БГ/афп

Редактор: Жана Ацеска