1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Масакр во Авганистан: Доживотен затвор за американскиот војник

Американскиот војник кој минатата година уби 16 Авганистанци, жители на покраината Кандахар, вчера (23.08) е осуден на доживотен затвор без можност за предвремено отпуштање.

Воениот процес во САД за едно од најтешките воени злосторства извршено за време на ангажманот на американската војска во САД заврши со пресуда за доживотен затвор без кауција. Судот одлучи дека е докажано оти наредникот Роберт Бејлс (39), ја напуштил својата база во март минатата година и во две села во провинцијата Кандахар отворил оган врз мажи, деца и стари лица. 16 лица, меѓу нив девет деца загинаа во нападот. По крвопролевањето Бејлс ги запалил телата на жртвите.

Тој во јуни се изјасни дека е виновен за тој масакар за да избегне смртна казна. Бејлс упати извинување поради масакарот за време на изрекувањето на казната во четвртокот, нарекувајќи го „кукавички чин". Военото обвинителството го обвини Бејлс дека воопшто не се покајал за злосторството и го опиша како човек без морални скруполи. Одбраната на Бејлс изнесе аргументи поради кои би требал да добие право на кауција, што значи дека тој би можел евентуално да биде ослободен во период од 10 години. Шестчлената војна комисија пресуди, меѓутоа, дека такво нешто не доаѓа предвид.

Во текот на судењето, деветмината Авганистанци, кои американската војска ги донесе со авион од Авганистан, сведочеа за тоа како нападот ги променил нивните животи.