1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Масакрот во Вирџинија тек долго планиран

Крвавиот масакр во американскиот универзитет Виџинија тек веројатно бил долго планиран . Телевизиската станица НБЦ (ен-би-си) добила пакет со фотографии видео и пишан материјал во која 23 годишниот извршител на атентатот ги образложува своите намери. Во видеопорака тој меѓу другото говори за својата омраза кон богатите. Јужнокореанецот со траен престој во САД и самиот студент во Вирџинија тек во понеделникот со огнено оружје смртно застрела 32 лица пред да си го одземе животот. Пред извршувањето на масакрот тој веќе бил психијатриски лекуван.