1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Марш „против мафијата“ во Црна Гора

Група граѓани рано утрината тргнаа од Подгорица кон Цетиње, каде за време на инаугурацијата на реизбраниот претседател на државата Филип Вујановиќ сакаат да изразат незадоволство од актуелната состојба во Црна Гора.

Групата од околу 60-тина граѓани, организирани од независниот новинар Марко Милачиќ,  тргна пеш од Подгорица ( насловна фотографија) во 4:40 минути утрината. Таа одлучи своето незадоволство против состојбата во државата да го искажат во вид на граѓански бунт и марш до Цетиње, симболично наречен „марш против мафијата“ и тоа токму денеска кога очите на јавноста во Црна Гора, па и во регионот, ќе бидат вперени кон Цетиње.

Маршот ќе има осум попатни точки за застанување на патот до Цетиње. На нив ќе зборуваат новинарот Сеад Садиковиќ, универзитетскот професор Филип Ковачевиќ и пратеникот на Демократскиот фронт (ДФ) Јанко Вучиниќ.

Вујановиќ вечерва треба да положи заклетва и да го почне својот трет мандат. Меѓутоа, како што јавува агенцијата Анадолија, неизвесно е дали ќе има пратенички кворум. Една од владеачките црногорски партии, Социјалдемократска партија (СДП), денеска ќе одлучи дали ќе присуствува на посебната свечена седница на Собранието на Цетиње, со оглед на тоа дека нивниот став од почетокот беше дека третата кандидатура на Вујановиќ е неуставна. Инаугурацијата на реизабраниот претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ, и полагањето заклетва пред пратениците ќе го бојкотира комплетната опозиција, Демократскиот фронт (ДФ), Позитивна Црна Гора и Социјалистичката народна партија (СНП).

Демонстрантите, кои маршот симболично го нарекоа „Марш против мафијата“, планираат да стигнат пред нивната крајна цел, Владиниот дом, каде денеска околу 18 часот ќе се оддржи свеченото полагање на заклетвата на Вујановиќ, додека чинот на полагање на заклетвата почнува еден час подоцна.

За учесниците на протестната прошетка се обезбедени вода и храна, а прошетката се одвиваа во придружба на полицијата.