1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Марш на милиони

Опозицијата во Египет за денеска (01.02) во Каиро и Александрија најави големи протести. Најавен е и генерален штрајк, кој ќе заврши кога Мубарак ќе се повлече од власт.

default

Египетскиот претседател Хосни Мубарак се наоѓа под се’ поголем притисок и се обидува да ги спречи масовните протести со политички ветувања и отстапки. Вицепретседателот Омар Сулејман, вчеравечер најави уставни реформи и се изјасни за дијалог со опозицијата. Претседателот Мубарак претходно ја претстави новата влада во која старите приврзеници презедоа нови ресори.

Меѓутоа и покрај ваквите најави и полицискиот час, и изминатата ноќ илјадници демонстранти бараа оставка на претседателот Мубарак. Раководството на армијата, врз која тој се потпира веќе три децении, во меѓувреме соопшти дека нема да примени насилство врз египетскиот народ.

Entwicklung der Unruhen in Ägypten Flash-Galerie

Хосни Мубарак се наоѓа под се’ поголем притисок и се обидува да ги спречи масовните протести со политички ветувања и отстапки

Белата куќа бара фундаментални промени во Египет

И додека опозициионерите во Каиро најавуваат дека деновите на Мубарак се изброени, САД ги повикаа сите страни на воздржаност. Американската влада се надева дека маршот ќе помине мирно и без насилство. Меѓутоа, Вашингтон го зголемува притисокот врз Мубарак. Поранешниот американски амбасадор во Египет, Франк Визнер, од вчера е во Каиро во својство на специјален пратеник, за да ги потврди американските барања за демократски реформи. Портпаролот на американскиот претседател Барак Обама нагласи дека САД не може да бараат оставка на Мубарак, но во оваа преодна фаза потребни се темелни промени за нов почеток. Политиката на Египет мора да претрпи фундаментални промени, нагласи портпаролот Роберт Гибс.

За ситуацијата во Египет американскиот претседател дискутираше во Белата куќа и со екстерни експерти. Фарид Закарија, американски публицист ценет од страна на претседателот Обама, му предложил да се заложи за оставка од страна на египетскиот претседател, оти според него, Мубарак се’ уште може достоинствено да ја напушти власта.

„Времето на Хосни Мубарак во Египет помина“, порача Закарија.

Flash Format Südseite Weißes Haus Washington USA Kopie

За ситуацијата во Египет американскиот претседател дискутираше во Белата куќа и со екстерни експерти

Привилегии за пари

Меѓутоа, до американскиот претседател од Израел стигна сосема спротивен сигнал. Премиерот Бенмјамин Нетанјаху апелираше до Обама да ја ублажи критиката за Египет, најважниот арапски партнер на Ерусалим. САД, имено, се загрижени што би се случило со мировниот договор меѓу Египет и Израел при промена на власта во Каиро, дали американските воени бродови и натаму ќе имаат предност при преминот на Суецкиот канал и дали американските борбени џетови и натаму ќе смеат да прелетуваат преку египетскиот воздушен простор. Овие привилегии Мубарак им ги допушти на САД за околу две милијарди долари развојна и воена помош, кои Египет ги добива секоја година од 1997.

Автор: Мартин Дурм/ Ралф Зина/ афп/ Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM