1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Марш за поддршка на соживотот

По серијата меѓуетнички инциденти во Македонија денеска на Школка во Градскиот парк во Скопје ќе се оддржи манифестацијата „Марш за мир“.

default

Скопје

Маршот е инициран како резултат на последните инциденти, коишто се случија минатата недела, при што беа повредени над 20 лица од различна етничка заедница.

Настанот е во организација на Граѓанската иницијатива „Заедно за мир“, предводена од Сашо Мацановски - Трендо, Александар Русјаков, Ана Јовковска и Петрит Сарачини. Тие порачуваат дека целта е промовирање на соживотот, а на маршот е најавено присуство на многу уметници, музичари, интелектуалци, претставници од невладиниот сектор и други.

Манифестацијата ќе почне со настап на повеќе познати музичари од Македонија, кои преку настап во живо ќе изведуваат светски познати мировни химни. „Манифестот на мирот“ ќе биде прочитан на неколку јазици од страна на Сабина Ајрула, Висар Вишка, Горазд Цветковски, Есма Реџепова, Кристина Леловац и Кочо Андоновски.

По ова, присутните граѓани ќе го започнат „Маршот за мир“, чиј правец на движење ќе се одвива од Градскиот парк, преку бул. „Илинденска“, мостот Гоце Делчев, потоа движење кон Музејот на Холокаустот до Камениот мост - симболот на заедништвото, за потоа преку Градскиот кеј, зад зградата на Владата, за на крај да заврши на Школка во Градскиот парк

Автор: СН/АМ/миа

Редактор: Александар Методијев