1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Марти Ахтисари, упорниот преговарач и вечен оптимист

Денеска во Осло на поранешниот фински претседател, Марти Ахтисари ќе му биде предадена Нобеловата награда за мир за 2008. Големо признание за неговиот посреднички ангажман во конфликтите. Последен пример за тоа е Косово.

default

Марти Ахтисари

Кога на почетокот на јануари 2007-ма година Ахтисари го претстави во Белград планот за мирно решавање на косовското прашање, кој подоцна ќе биде наречен Ахтисари-план, тој беше прашан од една новинарка дали сето тоа не го фрустрира. Ахтисари на тоа одговори: „Знаете, јас наредната година ќе полнам 70 години. Ако бев фрустриран, веќе одамна ќе седев на столче за клацкање. Јас не се фрустрирам толку лесно. Генералниот секретар на ОН ми ја предаде оваа задача и јас ја работам. Другите ја работат својата работа. Не очекувајте да бидам фрустриран. Јас сум роден оптимист. Во спротивно одамна немаше да го правам ова“, изјави Ахтисари.

Внимателен слушател и оптимист

Оптимизмот на Ахтисари беше ставен на тежок тест во обидот да најде решение за конфликтот меѓу Србија и косовските Албанци. Речиси година и половина делегациите на двете страни преговараа во Виена. Ахтисари слушаше и како посредник подготвуваше сопствени предлози. Но, сите негови обиди беа залудни. Тој велеше дека во својата долгогодишна кариера научил дека луѓето, кога зборуваат за компромис, најчесто поаѓаат од тоа дека другиот ќе ја прифати нивната позиција. Тоа според него беше случај и во овие преговори. Конечно Ахтисари започна, по налог на Генералниот секретар на ОН, да го става на хартија сопствениот предлог план за решение на прашањето на Косово.

Kosovo Unabhängigkeit Thaci und Sejdiu mit neuer Flagge

Претседателот на Косово, Фатмир Сејдиу и премиерот, Хашим Тачи

Тој предложи еден вид меѓународно надгледувана независност, придружувана од сеопфатна заштита на малцинските права.

Планот пропадна, независноста беше прогласена

Меѓутоа Советот за безбедност на ОН не гласаше за планот, зашто Русија уште претходно најави вето. Наместо тоа, косовските Албанци на почетокот на годинава прогласија независност. Косовскиот премиер Хашим Тачи тогаш соопшти дека Косово прави историски чекор-прогласува независност во согласност со планот на Марти Ахтисари. Меѓутоа оттогаш на Косово не се променети многу работи. Основниот конфликт е меѓу Србите и Албанците. Така српските политичари на северот на Косово и натаму се гневни што Нобеловиот комитет во Осло оваа година наградата за мир му ја додели токму на Марти Ахтисари.