1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Мартин Валзер го слави 80 роденден

Еден од најпознатите германски писатели Мартин Валзер денеска го слави својот 80 роденден. Човекот кој важи за провокатор и виртуоз на јазикот, роденденот ќе го прослави во друштво со своите читатели на специјална манифестација која денеска се организира на саемот за книга во Лајпциг.

Мартин Валзер

Мартин Валзер

Татковината и што значи таа да се изгуби е тема на овој пистаел кој најголем дел од животот го помина во Иберлинген, место покрај Боденското езеро. Во неговите дела тој пишува за луѓето токму од овој регион кои тука, како што самиот вели нашле среќа во несреќа. Тоа и самиот Валзер го опишува во неговата автобиографија:

„ Најсилното значење на зборот татковина за мене лично го опфаќа поимот на времето. За мене значи, татковината е она што веќе го нема. Значи таа е детство. Кога човек подоцна во животот ќе го напушти домот и местото каде го минал детството, тогаш таа татковина не постои. Таа постои само во главата и душата, или таму каде на човек му е најпотребна. Но тој вид на оградена и заштитена сигурност веќе го нема„

Валзер кој важи за спорен пистаел. Тој тврди дека јазикот настанува кога се бара израз за нешто болно или што му недостасува на човекот. Кога во 1998 година му беше доделена мировната награда на германските книгоиздавачи, голем дел од јавноста реагираше со огорченост на неговиот говор во црквата Свети Павле во Франкфурт. Тој го критикуваше банализирањето на германскиот однос кон сопственото минато. Многумина тогаш го обвинуваа дека кон темата Аушвиц не се однесува со достојна почит. Уште во педесетите години Валзер зборуваше за германска вина, но неговите критичари тој факт не го земаа во предвид. Тој и натаму го застапува својот став:

„ Многу ми е жал, направив многу грешки во животот кои сепак се дел од мојот живот и сега би било смешно да кажам дека подобро ќе беше да не ги сторев. Во тоа време тие беа неопходни. Кај мене тоа секогаш е поврзано со пишувањето. Мојот политичко интелектуален развој имаше за цел светот да стане поправеден. Се она што можеби некогаш го зборував го сметам за погрешно, но кога го пишувам тоа што мислам тогаш знам за што зборувам. Исто така и говорот во црквата Свети Павле и тука немам што да корегирам„

Во својот прв роман „Бракови во Филипсбург„ од 1959 година, Валзер вели. Оној која размислува веќе е губитник. Тогаш тој се сметаше за приврзаник на левицата. Протестираше против војната во Виетнам, учествуваше во изборната кампања на социјалдемократите и пред останатите германски писатели ја откри темата „Германците и нивната нација„ Тогаш тој беше изложен на жестока критикиа и беше нарекуван Касандра од Боденското езеро, а исто така беше ставан во редот на германските националисти. Малкумина во тоа време ги интересираше книжевниот апсект и структурата на романите.

Сепак критичарите го сметаат за еден од најважните хроничари во развојот на германското општество по втората светска војна. Негов последен од вкупно 140 објавени дела е романот “Светови на стравот„ Мартин Валзер е добитник и на наградата Георг Бихнер, Големиот крст за заслуги за Германија, како и наградата на баварската академија за уметност и книевност. Најуспешно негово дело е романот „Коњ во бекство„ кој е продаден во 4 милиони примероци.