1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Мароко – избори

*

Граѓаните на Мороко денеска избираат нов парламент. Според очекувањата, најголем број гласови може да добие партијата на умерените исламисти „Партија за правосудство и развој„. До сега ниту една од етаблираните партии не покажала интерес за коалицирање со партијата на исламистите. При формирањето на новата влада клучна улога има Кралот Мохамед шести, кој решава која партија ќе го добие мандатот. Набљудувачите сметаат дека реформски ориентираниот крал нема да му даде премиерски мандат на член на исламистичката партија, дури и ако таа освои најголем број гласови.