1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мароко заобиколено од „Арапската пролет“?

Како една од осумте монархии на Блискиот исток, Мароко не го погодија случувањата во регионот. Сепак економската ситуација би можела да доведе до поголеми немири отколку во 2011. година. Граѓаните се се’ понезадоволни.

Бранот демонстрации не го заобиколи ниту кралството Мароко: од промените во Северна Африка и на Блискиот исток, протестите се и тука на дневен ред. Редовно во земјата се одржуваат собири и протестни маршеви. Некогаш се повеќе насочени кон растот на цените на прехрамбените производи, некогаш против огромите цени на бензинот, а некогаш граѓаните бараат поголеми синдикални права. Но едно луѓето не сакаат, вели стручњакот за Мароко, Анабел Худрет од Германскот институт за развојна политика. „Населението не е за тоа кралството да биде укинато од денес за утре“. Бидејќи, Мухамед VI, кој е на власт од 1999 година, и владата реагираат на незадоволството на народот. Нивна заедничка цел е со реформи да го запрат незадоволството на луѓето.

Се' е само фасада?

Marokko König Mohammed VI

Мухамед VI, крал на Мароко

Кога во февруари 2011 година т.н. Арапска пролет го зафати Мароко, и илјадници луѓе на улиците бараа длабоки реформи, кралот Мухамед VI брзо реагираше: вети реформи и нови избори, со што барем формално е подобрен статусот на парламентот и на премиерот. Веднаш беше зајакнат угледот на монархот и намален народниот гнев. „Тој мислеше дека така ќе преброди голема револуција“, вели мароканскиот политиколог Абубакр Џамај во разговорот за ДВ. Кралот во јуни 2011 година  уставот поддржан на референдум, го најави како „коренити промени“. Но „Младинското протестно движење од 20. февруари“ ги отфрли одозгора наредените козметички промени.

Во ноември 2011, на парламентарните избори исламистите од Партија за напредок и развој (ПЈД), победија за првпат во историјата на земјата. Исламистичкиот премиер Абделилах Бенкиране  беше прв кој имаше влијание при составувањето на својата влада, бидејќи според новиот устав му припадна и правото да предлага министри. Дотогаш монархот слободно ги избираше сите министри. Најпрво ПЈД влезе во коалиција со конзервативно-националистичкиот парнтер Истиклал. Но на почетокот на јули 2013 година, коалицијата се распадна. Бенкиране не успеа да ги совлада проблемите во земјата, беа обвинувањата од страна на партијата Истиклал. Абубакр Џамаj тој аргумент го смета за чиста реторика. Бидејќи најстарата партија во земјата е „оружје во рацете на монархијата“. Покрај тоа монархот сака ПЈД и понатаму да остане на власт, но не сака да стане премногу моќна и омилена, смета политикологот.

Тешка економска состојба

Исламистите моментално се борат и со недостакот на искуство во владеењето и беспомошноста наспроти надоаѓачките социјални и економски проблеми во земјата. Според извештаите на Светската банка од мај 2013 година, 13 проценти од младите на возраст меѓу 15 и 29 години се без работа. Владата истотака ги укина и субвенциите, поради што меѓу другото во јуни последица од тоа беше растот на цената на бензинот за 20 проценти.

Global Media Forum GMF 2011 Aboubakr Jamai

Новинарот и издавач од Мароко, Абубакр Џамај


Се' се тоа околности кои народот во Мароко секогаш одново го тераат на улица. Народот од власта бара да се исполнат ветувањата- да ја  искорени корупцијата и нешто да преземе против социјалните проблеми. „Кралот е многу паметен“, вели стручњакот Анабел Худрет. „Нему му поаѓа од рака да го сочува својот имиџ“. Тој на народот му пренесува дека има злобни корумпирани политичари, и оти поради не смее да се откажат од кралот. Бидејќи кога тие политичари би го преземале раководството, уште повеќе би го исцрпиле народот.
Само кралот може да им постави граници на таквите политичари. Во текот на една посета на Мароко, вели Худрет, некој и рекол: „Секако дека знаеме дека кралот не поткрадува, но тој е толку богат, тој се' уште помалку не' краде од политичарите.“ Политикологот Џамал сепак стравува дека протестите би можеле да се претворат во насилни немири: „Досега се беше мирно, но тоа може да се смени. Мароко во никој случај не е стабилно“, вели тој.