1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Марин Ле Пен ќе учествува на француските претседателски избори

Лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен објави дека успеала да собере 500 потписи од градоначалниците, неопходни за учествуво на претседателските избори, во април и во мај.

„Ги имам моите 500 потписи и затоа ќе бидам кандидатка на претседателските избори“, објави шефицата на антиимиграциската партија „Национален фронт“ Марин Ле Пен.

Ако Ле Пен не ги собереше потписите, тогаш веројатно приврзаниците на екстремната десница ќе ги насочеа гласовите кон конзервативниот претседател Никола Саркози, кој на најголем број анкети е зад кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд, но разликата во процентите е мала.

Марин Ле Пен, која ја презеде партијата „Национален фронт“ во 2011-та од нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, е харизматична политичарка, но се чини дека има мали шанси сериозно да го загрози Оланд или, пак, Саркози на претстојните избори. Таа од традиционалниот партиски фокус – против доселениците, се насочи кон водење кампања Франција да излезе од еврозоната и да се воведат протекционистички бариери.

Автор: Александар Методијев /АТ/ројтерс/афп

Редактор: Симе Недевски