Маринците на пат кон Лондон | Теми на денот | DW | 05.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Маринците на пат кон Лондон

Напладне, во 1 часот по средно европско врме, ослободените британски војници се очекува да пристигнат во Лондон. По 12 денови политички и дипломатски преговори меѓу владата во Лондон и Иран, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад вчера го објави ослободувањето на прес конференција на која беа присуни и голем број странски новинари. Лондон на убавата вест од Техеран реагираше со олеснување, а кај роднинит

Британските војници заминуваат до аеродромот во Техеран

Британските војници заминуваат до аеродромот во Техеран

е и пријателите на војниците радоста беше неизмерна.

Пријателите на Нејтон Самрс отворија шампањско, тие беа пресреќни, исто и таткотот на војникот Кристофер Коу „Апсолутно фантастично. На седмо небо сум, мојата сопруга исто така. Целото семејство.“ „Апсолутно сум надвор од себе. – вели мајката на Крис Ер. Не можам воопшто да опишам, да се изразам со зборови како се чувствуваме.“

Ниту на премиерот на Велика Британија Тони Блер не му беше лесно да ги пронајде вистинските зборови, бидејќи како што изгледа и британската влада била изненадена од моментот кога се објави ослободувањето на војниците.

Блер се заблагодари кај сојузниците во Европа, на Советот за безбедност и во кризниот регион. Според медиумите за решавање на спорот посредувале Турција, Сирија и Катар. Блер сепак не се заблагодари кај иранскиот претседател Ахмадинеџат. Наместо тоа му е обрати на иранскиот народ „Немаме лоши чувства кон вас, спротивно го почитуваме Иран како стара цивилизација, со горда, достоинствена историја “ рече Блер и дополни дека разликите во мислењето кои постојат меѓу двете влади треба да се решат по мировен пат и низ дијалог.

Веста за ослободување на 15 британски војници заробени пред нецели две недели на границата меѓу Иран и Ирак ја објави иранскиот претседател, на изненадување на сите. Иранскиот народ им простил рече тој „Со ова изјавувам, со целосен авторитет на Исламската република, дека иако имавме право, да ги изведеме пред суд 15 британски маринци, по повод велигденските празници на војниците им подаруваме слобода и простување,“

Ахмадинеџад не наведе услови за ослободувањето на војниците. Ниту збор повеќе за извинување од Лондон, и признавање на грешка, која ден претходно беше услов за ослободување на војнциите.

Сепак денеска на пладене во еден часот по средноевропско време маринците се очекува да пристигнат на аеродромот Лондон Хитро. Но додека не пристгнат сестрата на Артур Берчелор, најмладиот војник, не сака да се радува „За тоа е прерано. Мора да бидам сигурна дека ќе се симне од авионот и стои пред мене. Дури тогаш ќе верувам дека се врати.“