1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Маргвелашвили е нов претседател на Грузија

Кандидатот на владејачката партија освоил убедливо мнозинство од гласовите на претседателските избори во земјата. Крај за владеењето на Сакашвили.

Излезните анкети покажуваат дека кандидатот на владејачката партија Сонот за Грузија, Гиорги Маргвелашвили, освоил околу 67 проценти од гласовите на граѓаните кои излегле на изборите.

Неговиот противкандидат Давид Бакрадзи, кој беше кандидат на партијата на досегашниот претседател Михаил Сакашвили, синоќа го призна изборниот пораз.

„Му честитам на Маргвелашвили на победата и на довербата која му ја укажа грузискиот народ“, изјави Бакрадзи. Според анкетите, тој освоил околу 20 отсто од гласовите.

Со вчерашните (27.10) избори и официјално заврши вториот мандат на чело на државата на Михаил Сакашвили. Тој речиси 10 години беше на чело на поранешната советска република и во тој период даде голем придонес за развојот на демократијата и за приближувањето на земјата кон Западот.

Новиот претседател Маргвелашвили, е член на партијата Сонот за Грузија, која ја формираше мултимилионерот Бидзин Иванишвили, и која на парламентарните избори пред една година убедливо ја победи коалицијата на претседателот во заминување. Иванишвили оттогаш е на чело на владата, но најави дека веднаш по претседателските избори ќе се повлече од функцијата.