1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Маратонски меч

Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Отвореното тениско првенство на Австралија, откако во маратонски меч го совлада Шпанецот Рафаел Надал. За српскиот тенисер ова е трета титула во Мелбурн, по оние во 2008-ма и 2011-та.

default

Новак Ѓоковиќ со хет-трик во Австралија

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ победи на првиот Грен- слем турнир во 2012-та година победувајќи го второпласираниот на АТП листата, Рафаел Надал со 3:2 во сетови во епското финале кое траеше пет часови и 53 минути. Ова имено е најдолгиот финален меч на еден Грен слем турнир во историјата на професионалниот тенис. Ѓоковиќ ги освои вториот и третиот сет со 6:4 и 6:2 и финалниот петти сет со 7:5. На Надал пак му припаднаа првиот и четвртиот сет со 7:5 и 7:6.

US Open 2011 Novak Djokovic Rafael Nadal

Рафаел Надал (лево) загуби од Ѓоковиќ и во финалето Њујорк

Претходниот рекорд на најдолготрајно Гренс слем финале го држеше мечот за титулата на Отвореното првенство на САД меѓу легендарните Иван Лендл и Матс Виландер во кое последниот победи по четири часа и 54 минути игра.

За Ѓоковиќ денешната победа во финалето во Мелбурн значи и хет-трик од титули на Отвореното првенство на Австралија кое претходно го освои во 2008-ма и 2011-та година. Покрај тоа ова вкупно петти освоен Грен-слем турнир за Ѓоковиќ. Три од нив освои во минатата година.

Со овој пораз пак Надал стана првиот тенисер кој загубил во три финалиња на Грен слем турнирите последователно и тоа сите три пати од Ѓоковиќ, почнувајќи од минатогодишниот Вимблдон, преку Отвореното првенство на САД и сега во Мелбурн. Ѓоковиќ славел победа во сите седумте последни мечеви против Шпанецот и тоа секогаш во финалето. 

Автор: СН/ АТ/ ртр/ афп

Редактор: А. Трајковска