1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Марадона се извлече во Минхен

Голем број репрезентации одиграа пријателски натпревари пред Светско фудбалско првенство во Јужноафриканската Република. Аргентина ја совлада Германија во Минхен. Македонија поуспешна од Црна Гора во Скопје со 2:1.

default

Германија - Аргентина

Разочарување за германските навивачи во еден од последните контролни натпревари пред почетокот на подготовките за светското првенство во фудбал во Јужна

Fußball Deutschland Argentinien München

Африка. Германија синоќа загуби од Аргентина, на домашен терен во Минхен со 0:1. единствениот гол за гостите го постигна напаѓачот на Реал Мадрид, Хигуаин пред крајот на првото полувреме, по една грешка на голманот Рене Адлер. „Се соочивме со силниот тим на Аргентина на кој не смеевме да му дозволиме многу шанси. Она што не го направивме како што треба, беше нашата игра на средината на теренот, каде многу често додававме наназад или кон крилата, а немавме доволно храброст да нападнеме и поради тоа и имавме многу малку шанси за гол“, изјави по мечот германскиот селектор Јоаким Лев.

Во дербито во Париз, Шпанија ја совлада Франција со 2:0. Тоа беше прва победа за Црвената фурија во Франција по пауза од 42 години, а головите ги постигнаа, Виља и Рамос.

Fußball Schweiz Uruguay

Во Лондон, Англија го совлада актуелниот африкански шампион Египет со 3:1. Поведоа гостите преку Зидан, а за пресврт се погрижија Крауч со два и Шон Рајт Филипс со еден погодок.

Во останатите поинтересни дуели, светскиот првак Италија одигра без голови со Камерун, БиХ ја совлада Гана со 2:1, Србија беше подобра од Алжир со 3:0, а Хрватска со голот на Крањчар однесе минимална победа над Белгија.

Македонската фудбалска репрезентација вчера се радуваше на успех во дуелот против Црна Гора. Со головите на Илчо Наумоски и Горан Пандев во првиот дел, Македонија славеше во Скопје со 2:1. Почесниот гол за гостите го постигна Баша во второто полувреме.

Автор: БГ/бета

Редактор: Александра Трајковска