1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Манчестер Јунајтед и Челзи во полуфиналето

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и на Челзи се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампиони со победите на вчерашните натпревари.

Роналдо во акција

Роналдо во акција

Манчестер Јунајтед на свој терен извојува висока победа против Рома од 7:1,надополнувајќи го така минусот од утакмицата во Рим која ја изгуби со 1:2.

Ова беше една од најзабележливите победи на Манчестер во европските првенства,отпорот на противникот беше скршен уште на почетокот,во само осум минути постигна три гола.

Челзи во Валенсија го победи домаќинот со 2:1,решавајќи го натпреварот во последните минути и сосема заслужено се пласира во полуфиналето на Лигата на шампиони.

Манчестер ЈУнајтед во полуфиналето ќе игра со победникот од натпреварот Бајерн- Милан,а Челзи против победникот во средбата Ливерпул- ПСВ.

Тренерот на Бајерн Минхен Отмар Хитцфелд ветува жешка борба,а капитенот Оливер Кан е уште поостар,најавува вистински ринг.