1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Манчевски ја доби наградата на Централноевропската иницијатива

Македонскиот режисер Милчо Манчевски е годинашен добитник на престижната награда на Централноевропска иницијатива. Наградата му се доделува за филмот „Мајки“.

default

Милчо Манчевски на Берлиналето во 2011 година (архива)

Според образложението на меѓународното жири, Манчевски е добитник на оваа престижна награда поради тоа што неговите уметнички дела го поттикнуваат дијалогот меѓу културите и ја толкуваат современата култура на оригинален начин. Централноевропската иницијатива е форум основан во Будимпешта пред 23 години. Наградата на Манчевски ќе му биде доделена на фестивалот во Трст следната недела. Фестивалот ќе биде отворен со неговиот најнов филм „Мајки“, а авторот ќе одржи и предавање на 21 јануари во Трст под наслов „Од збор до филм - уметност и занает на режијата“.

Flash-Galerie Berlinale Premiere des Films Majki

Манчевски со дел од тимот на „Мајки“

„Мајки“ ја имаше светската премиера со гала презентацијата на фестивалот во Торонто, а европската премиера беше во Берлин. Во меѓувреме, филмот беше прикажан на триесетина интернационални фестивали, од Флорида и Бразил до Индија и Белорусија. Филмот освои пет награди од меѓународни жирија. „Мајки“ е македонско-француско-бугарска копродукција. Тој беше македонски претставник за Оскар. Стручната комисија на Европската филмска академија го вброи во 20-те филмови во изборот за најдобар европски филм на минатата година. „Мајки“ беше и најгледан филм во Македонија во 2010 година.

Автор: ЖА/миа

Редактор: Б. Георгиевски