1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МАНУ се спротивставува на секој обид за злоупотреба на лустрацијата

Од Македонската академија на науките и уметностите бараат лустрацијата да се спроведува според стандардите предвидени со Европската конвенција за човекови права. Наесен МАНУ ќе расправа за последиците од лустрацијата.

default

Од МАНУ забележуваат дека Академијата е столб на македонската државност и идентитет

МАНУ во соопштение до медиумите наведува дека одлучно се спротивставува на секој обид на злоупотреба на процесот на лустрација за уривање на институциите на државата, на културните, образовните и други општествени институции и во тој контекст на положбата и улогата на Академијата како највисока научна и уметничка институција од посебен интерес за Република Македонија.

Како што се наведува во заклучоците од седницата на претседателството на МАНУ одржана вчера, Академијата е столб на македонската државност, македонската култура и националниот идентитет и на македонското мултикултурно општество, а нејзиниот научен и уметнички придонес е познат и признат во светски размери.

„Академијата смета дека заради доследно спроведување на начелото на владеење на правото како највисок државен интерес, постапката на лустрација треба во целост да биде подредена на правилата и стандардите предвидени со Европската конвенција за човекови права, која е дел од домашниот правен поредок и има супериорно значење во однос на законот, се вели во соопштението од МАНУ.

За првата половина на септември МАНУ најавува Собрание на кое ќе расправа за пошироките аспекти и последиците на досегашното спроведување на процесот на лустрација во Република Македонија.