1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

МАНУ одбележува 40 години постоење

*

Македонската Академија на Науките и Уметностите денеска одбележува 40 години постоење. Првиот човек на МАНУ Цветан Грозданов на свечената академија истакна дека академскиот труд на највисоката научна институција во земјата е малку вреднуван. Истовремено тој забележа дека државните органи малку ги користат изворите на податоците што ги поседува академијата. Грозданов нагласи дека името на Македонија не може да биде сменето. Претседателот Бранко Црвенковски на МАНУ и додели орден на Република Македонија. Ордени за заслуги им беа доделени и на академиците.